Митови и факти за обезност (дебелина) кај деца

Митови и факти за обезност (дебелина) кај деца

Вишокот килограми можеби и не е некој сериозен проблем, но има голема улога како ризик фактор во настанување на некои сериозни болести. Затоа, доколку вашето дете го има овој проблем, погрижете се на време, насочете го детето кон  здрава исхрана и многу физичка активност.

Мит 1: Дебелината кај децата е наследна и не можете ништо да направите во врска со тоа.

Факт: Гените кои влијаат на дебелината се само мал дел од целината. Иако некои деца се повеќе склони кон дебелеење од други, тоа не значи дека тие се создадени за да имаат проблем со вишок килограми. Децата може да имаат и за ја задржат нормалната, здрава телесна тежина, соодветно на нивната возраст, доколку се хранат правилно и имаат редовна физичка активност.

Мит 2: Деца кои имаат вишок килограми треба да се стават на диета.

Факт: Освен ако не е препорачано од доктор, третманот за обезност не е диета и губење на тежина. Целта треба да биде насочена кон успорување или прекин на дебелеење, дозволувајќи му на вашето дете да расте во нејзината/неговата идеална тежина.               

Мит 3: Тоа е само детска дебелина. Детето ќе го надмине проблемот со текот на растењето.

Факт: Детската дебелина не води до адултна дебелина секогаш, но претставува сериозен ризик фактор.  Поголем процент од децата кои имале проблем со вишок килограми во претшколска или школска возраст, се сѐ уште обезни и во пубертетот. Многу деца не го надминуваат овој проблем.


ам

Коментари