Респираторен системСтручна Помош

д-р Владимир Томески: Астма, едукација за начин на живот и терапија

Астмата е едно од најчестите респираторни заболувања во модерните индустриски земји со зафатеност преку 5% од целокупната популација.

Ги зафаќа сите возрасни групи, од инфанти до возрастната популација и стапката на морталитетот предизвикана од појавата на астмата е во пораст уште од изминататите години, како во САД, така и во другите модерни индустриски земји.

Тенденцијата за појава на астмата е забележана во фамилиите асоцирани со алергиски заболувања, а може да биде индуцирана и од широк спектар на антигени од околината, најчестите инхалаторни антигени како што се поленот и прашината.

Бронхијалната провокација со одреден алерген резултира со бронхоспастичен одговор со релативно кратко времетраење, додека кај сигнификантен број на пациенти постои доцен одговор после 3 до 4 часа или неколку денови.

Овој доцен одговор е асоциран со бронхијална хиперсензитивна реакција, кој е демонстриран со неспецифично провокациско тестирање во лабораторија.

Реклама biskviti za deca

За време на бронхијалната хиперсензитивност, пациентите се склони да развиваат напади следствено после експозиција на широк спектар на тригер фактори како што се студениот воздух, пареа и чадот од цигарите.

Тековниот пристап во менаџирањето на пациентите заболени од астма се состои во превенцијата, со избегнување на специфичните алергени колку што е возможно и хроничната употреба на антиинфламаторни средства, вклучувајќи кортикостероиди и стабилизатори на МАСТ клетките како што е cromolyn sodium. Целта е да се намали хиперодговорот.

Основни податоци

  • Астмата е хронична, инфламаторна болест на дишните патишта.
  • Луѓето подложни за добивање на астма, развиваат симптоми асоцирани со инфламацијата. Симптомите, обично, вклучуваат варијабилен степен на опструкција на дишните патишта, која се повлекува спонтано или под терапија.
  • Воспалението ја зголемува осетивоста на дишните патишта на многу иританси.

Епидемиологија

Годишно околу 20 до 30 од милион индивидуи умираат поради астма. Само 10 % од нив се на возраст под 40 години. Општиот доктор со околу 2000 регистрирани пациенти има околу 80 болни со астма. Повеќето болни со астма имаат лесни симптоми, но еден просечен семеен доктор забележува една смрт од астма на секои 10 години.

Симптоми

Вообичаените симптоми на астма вклучуваат:

  • диспнеа
  • визинг
  • пролонгирана кашлица.

Дијагностички пристап

  • Дијагнозата на астма може да се постави врз база на анамнеза, аускултација и на функционални тестови.
  • РТГ мерења
  • Спирометрија-FVC(форсиран витален капацитет т.е  вкупна количина на воздух која може да биде издишана после максимално вдишување), FEV1(форсиран експираторен волумен во првата секунда т.е количина на воздух која е издишана во првата секунда после максимално вдишување), FEV%
  • Аускултација на белите дробови и PEF(peak expiratory flow), треба секогаш да се направат. Другите испитувања можат да бидат потребни кај нејасни случаи, како и кога е потребна поегзактна класификација на болеста
    ( интринзична/ектринзична, предиспонирачки фактори ).

Аускултација на белите дробови

  • Визинг на крај на експириум скоро секогаш е знак за опструктивна болест како астма. Кај болните од астма во почетокот на болеста, аускултацијата е скоро секогаш нормална во периоди кога болниот е без симптоми. Аускултацијата може да биде во граници на нормала дури и ако болниот има опсежни симптоми ( silent chest ). Респираторните тонови треба да се аускултираат и при рапиден форсиран експириум.

Едукација за начин на живот и терапија од страна на семеен лекар

Една од клучните фактори за едукацијата во тековниот пристап во менаџирањето на пациентите заболени од астма се состои во превенцијата, со избегнување на специфичните алергени колку што е можно повеќе и хроничната употреба на антиинфламаторни средства, вклучувајќи кортикостероиди, модификатори на леукотриените, теофилини со долго дејство, содиум хромогликат и недокромил натриум, долго делувачки бета 2 агонисти, анти IgE, антиген специфична имунотерапија и следниве олеснувачи на симптоми: инхалирачки бета-2 агонисти со кратко дејство и антихолинергици.

Контролниот преглед во амбулантата е битен и вклучува едукација на пациентите и следствено е потребно да се направат објективни тестови со peak flow meter и обука како тој да се користи во домашни услови за понатомошно следење на болеста.

Лабораториски тестови: Бројот на еозинофили во крв и спутум понекогаш е зголемен, но ретко кај постарите. Специфични серумски IgE може да се одредат ако не се достапни кожни прик (prick ) тестови.

д-р Владимир Томески

 

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button