д-р Биљана Петковска Огњанова: Никој нема да Ве заштити, ако сами не размислувате со своја глава

д-р Биљана Петковска Огњанова: Никој нема да Ве заштити, ако сами не размислувате со своја глава

Драги мои сограѓани и пациенти,
Чувствувам потреба да Ви се обратам зошто сум дел од Вас, но во континуитет гледам дека сте во заблуда дека овој вирус е шега и дека предизвикува мала настинка…

Иако сте препуштени сами на себе со своите одлуки како понатаму, ќе Ве замолам за следново:

  1. Гледајте да ги сведете контактите на неопходен минимум и единствено заради неодложни потреби, под услов Вие и тие околу Вас да сте заштитени со маски, со запазување на физичката дистанца од 2 метра во затворени простори (маркети и други индустриски погони)
  2. Практицирајте посети во природа и на отворено и без групирање ,но внимавајте на безбедна дистанца!
  3. Од оваа опака болест умираат стари лица со бројни други заболувања, но и помлади лица !
  4. Практицирајте диета (здрава исхрана) и секојдневно вежбање во домашни услови (орбитрек) или надвор на безбедна дистанца.
  5. Доколку било кој од Вас се случи да испадне позитивен на SARS-CoV-2, седнете и одвоите пар минути добро да размислите и да напишете каде сте се движеле и со кого сте контактирале последните недела дена, а тоа да им го предадете на епидемиолошките служби!
  6. Избегнувајте ги маркетите и пиљарите каде вработените со маската не ги покриваат носот и устата,
  7. Почитувајте ја природата!
  8. Никој нема да Ве заштити, ако сами Вие не размислувате со своја глава
  9. Немојте да наседнувате на теории на заговор и слаткоречивост од луѓе кои не ја пратат науката, само науката може да не извади од оваа каша!
  10. Вирусот се пренесува преку микро и макроаерокапки кои се продуцираат при говорење или гласно смеење и се разбира при кивање и кашлање од секој оној кој е заразен и е во ваша непосредна близина, а потоа паѓа (седиментира) на подот за 10-15 минути.
  11. Мијте ги рацете најмалку 20 секунди, секогаш пред да се чепнете за нос или уста откако ќе се вратите од маркет, а кога сте во затворен маркет не ја чепкајте маската од предната страна!
  12. Не заборавајте дека најмалку 50% од заразените немаат ама баш никакви симптоми, а тоа може да биде секој околу нас и во исто време да ја пренесе заразата на свој близок пријател, татко и мајка и други роднини!
  13. Овој вирус е новоиндетификуван вирус за кој нашата популација нема претходно стекнат имунитет и се’ уште се работи на откривање на сите негови тајни…
  14. НАЈБИТНО: Немојте да се плашите доколку сето ова го апсолвирате и практицирате!
  15. Светот и научната јавност забрзано работи на изнаоѓање на вакцина или лек, само треба да бидеме умни и да го надитриме со истрајност и упорност, со одлична војничка организација и дисциплина!

Да сте ми живи и здрави!

 

д-р Биљана Петковска Огњанова

Коментари