COVID-19Лабараторија и дијагностика

Зошто D-димерите се важен параметар кај пациенти со COVID-19?

Што е D-димер? D-димер е мал протеински фрагмент од системот за згрутчување на крвта, систем за коагулација- хемостаза. Спаѓа во групата на т. н. фибрин-деградациони продукти, односно продукти кои настануваат по процесот на фибринолиза при разградување на претходно формиран крвен тромб. Содржи два т. н. D-фрагменти од фибрин поврзани со вкрстена врска, па оттука потекнува и името D-димер. За првпат е опишан во 70-тите години, а од 90-тите години е воведен во лабораториска пракса.
Овој скрининг тест е од дијагностичка важност за откивање на ДИК(дисеминирана интраваскуларна коагулација) и акутни васкуларни болести, вклучувајќи ги и белодробна емболија и длабока венска тромбоза.

Референтни вредности

Мажи и жени < 550 μg/L

  • Покачени вредности

Зголемени вредности на D-димери може да се најдат кај тромботски заболувања, потоа во прогресија на тумор или метастаза, но исто така и во физиолошки состојби како што се бременост, тежок физички напор, земање орални контрацептиви или старост.

  • Намалени вредности

Кај артериска тромбоза, каде количината на D-димери е едвај мерлива.

Реклама

Зошто D-димерите се важен параметар кај пациенти со COVID-19?

Абнормалната коагулација на крвта, вклучително и покачени D-димери, се покажа дека се честа компликација кај  пациенти со COVID-19, а зголемувањето на шансите за смрт е поврзано со покачување на D-димерите повеќе од 1 μg / ml.


AM

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button