Кушингов синдром (Morbus Cushing)

Кушингов синдром (Morbus Cushing)

 

Кушинговата болест се развива како резултат на повреда на хипоталамо-хипофиза системот. Оваа болест е исто така познат како Кушингов синдром, а името го има добиено по научникот кој го прв го опишал Кушинговиот синдром – Американскиот неврохирург Харви Кушинг.

 

Што вусшност претставува Кушингов синдром ?

Хиперфункцијата на надбубрежниот кортекс може да биде зависна од ACTH(аденокортикотропен хормон), но и независна. Зависниот тип се јавува во хипофизната хиперпродукцијата на ACTH, кај нехипофизни тумори кои произведуваат ACTH или во егзогено навлегување на ACTH. ACTH -независната хиперфункција се јавува со терапевтско примање на кортикостероиди или со надбубрежни аденоми или карциноми. Додека терминот Кушингов синдром претставува клиничка слика предизвикана од вишок кортизол поради која било причина, Кушинговата болест претставува хиперфункција на надбубрежниот кортекс што се јавува како резултат на вишок ACTH кој се лачи од хипофизата.

Клиничка слика

Клиничките манифестации вклучуваат заоблено, плеврално лице, централна дебелина со изразени над-клавикуларни и задни-цервикални масни наслаги и претежно тенки екстремитети и прсти. Кожата е тенка и атрофична, на која тешко се лекуваат раните. Хипертензија, камења во бубрезите, остеопороза, намалена отпорност на инфекции, намалена толеранција на глукоза и ментални нарушувања се најчести. Престанок на растот се јавува кај деца, додека кај жените менструалниот циклус е нередовен.

Дијагноза

Дијагнозата се поставува врз основа на медицинска историја која вклучува терапевтска употреба на кортикостероиди или врз основа на покачени вредности на кортизол.

Третман

Терапијата зависи од причината. Сепак, првиот чекор вклучува диета богата со протеини и адекватен внес на калиум. Понатамошен третман може да биде терапија со лекови или операција.


Мирјана Димитриевска

Коментари