Како да се однесувате кога член од вашето семејство е позитивен на КОВИД-19

Кога ќе дознаете дека некој со кој живеете има позитивен тест за КОВИД-19 може да предизвика загриженост и за вас двајцата. Ова е важна ситуација што треба да се разгледа затоа што знаеме дека членовите на домаќинството имаат приближно 50% ризик од инфекција кога некој што живее во нивниот дом е заразен.
Со цел да му помогнете и да се грижите за лицето со КОВИД-19, а истовремено да останете безбедни, разгледајте ги следниве седум совети од експерти.
1.Тестирај се
Знаеме дека чувствителноста на тестовите драматично се зголемува по 5-7 дена од последното изложување, така што доколку сакате да добиете валидни резултати, најдобро е да се тестирате за време на овој период на инкубација или потоа.
2.Избегнувајте контакт со заразеното лице
Во упатствата за грижа за лице со КОВИД-19, се наведува дека:
- Лицето со КОВИД-19 треба да се оддели од другите во домот.
- Ако е можно, лицето со КОВИД-19 треба да користи посебна спална соба и бања.
- Секој во домаќинството треба да стои најмалку 2 метри подалеку од лицето со КОВИД-19.
Лицето со КОВИД-19 треба да биде во карантин најмалку 14 дена од почетокот на симптомите или позитивниот тест, а подолго при потешки симптоми.
Ако сте во тесен простор, држете го лицето со КОВИД-19 што е можно подалеку од другите.
Сепак, можете да се грижите за болното лице, но да влегувате во просторијата само по потреба и колку што е можно пократко.
3.Отварајте ги прозорците почесто
За да ја подобрите вентилацијата во вашите живеалишта, проветрувајте почесто. Ова е особено важно бидејќи во затворен простор вирусот може да остане во воздухот во многу мали капки и потенцијално да зарази други.
4.Носете маска или друга заштитна опрема
Кога доајѓате во контакт со заразеното лице најдобро е да носите две маски и визир, но доколку немате употребете шал или друга алтернатива за да ги покриете носот и устата. Сепак нешто е подобро отколку ништо.
Маска треба да носи и заразеното лице.
5.Мијте ги рацете и дезинфицирајте ги површините
- Често мијте ги рацете со вода и сапун најмалку 20 секунди, особено откако сте во близина на болното лице.
- Користете и средство за дезинфекција на рацете што содржи најмалку 60 проценти алкохол
- Избегнувајте да ги допирате очите, носот и устата со неизмиени раце.
Секојдневно дезинфицирајте ги површините во домот кој се користат почесто.
Доколку користите ист тоалет со болното лице, по секоја употреба треба да се дезинфицира. Миењето и дезинфекцијата на раце е исто важа и за болното лице.
6.Јадете здраво
Она што е многу поважно е да имате здрава исхрана и да избегнувате зголемување на телесната тежина што е толку лесно да се доживее во ова време на стрес и неизвесност. Затоа, вашата исхрана насочете ја кон овошје и зеленчук, јаткасти плодови, салати, смути, но сепак трудете се тоа да биде балансирана исхрана.
Секако, иако не сте заразени, препорачливо е да примате витаминска терапија, витамин Ц, витамин Д, селен и цинк, но во помали дози.
7.Разговор со пријател
Ако член од вашето семејство е позитивен на КОВИД-19, нормално и природно е да доживеете различни емоции, вклучувајќи страв, вознемиреност, депресија и осаменост, што може да биде исцрпувачки.
Да зборувате и да ги искажувате овие чувства на пријател или роднина може да биде многу катарзично и може да ја подобри вашата физичка и емоционална благосостојба.