COVID-19Психологија

Научна студија: COVID-19 пандемијата влијае на алармантно зголемување на осаменоста кај младите

Анкетата открива дека пандемијата на коронарниот вирус има загрижувачки ефект врз психолошкото здравје на младите.
Истражувачкиот тим го засновал своето истражување на анонимен прашалник преку Интернет, кој содржел 126 прашања кои ја следат распространетоста на различните ефекти на пандемијата, вклучувајќи осаменост, анксиозност, депресија и употреба на алкохол и дрога.

Просечната возраст на учесниците во истражувањето било 28 години, а 86% биле постари од 23 години. Истражувачите ги собирале одговорите во периодот од 22 април до 11 мај 2020 година.

Oдговорите дадени од учесниците им овозможиле на истражувачите да направат некои споредби помеѓу психолошките симптоми и однесувањето пред и за време на пандемијата.

Наоди од студијата

Околу 65% од учесниците во студијата пријавиле зголемено чувство на осаменост откако е прогласена пандемијата КОВИД-19.

Научниците претходно идентификувале врски помеѓу осаменоста и другите психолошки проблеми. Навистина, во сегашната студија, луѓето кои се опишале себеси како осамени, исто така пријавиле дека доживеале вознемиреност (76%), губење на чувството на поврзаност (58%) и депресија (78%)

Од овие лица, 58% рекле дека ја зголемуваат количината на алкохол што ја консумираат, а 56% ја зголемуваат употребата на дрога.

Меѓу испитаниците, 30% пријавиле штетно и зависно ниво на пиење.

Генерално, 19% од испитаниците рекле дека пиеле прекумерно на неделно ниво, а 44% откриле дека биле пијани најмалку еднаш месечно.

За целата популација на луѓе кои го пополниле прашалникот, 80% рекле дека пиеле алкохол. И 22% пријавиле употреба на дрога.

Од оние кои користеле дрога за време на пандемијата, 38% рекле дека нивната употреба е тешка.


 

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button