Mаската нема да ве заштити од COVID-19 доколку не ги почитувате и другите мерки

Mаската нема да ве заштити од COVID-19 доколку не ги почитувате и другите мерки

Доколку не сте заразени со вирусот, маската се носи само доколку сте во непосреден контакт со други луѓе.

Маска исто така мора да носите доколку кашлате и кивате иако немате дијагностициран COVID-19, бидејќи на тој начин покажувате одговорно однесување кон другите луѓе. Тоа е општествена одговорност, па слободно земете си за право да ги посоветувате и другите околу вас да го направат истото.

Покрај носењето на маска, важно е често да ги миете рацете со топла вода и сапун и да ги дезинфицирате, затоа што маската сама по себе нема да ве заштити доколку со нечисти раце се допирате по лицето,носот или очите.

Докторите потврдуваат:„ Медицинската маска не може да ве заштити од корона вирус доколку не ги почитувате и останатите мерки како што се: често миење на раце, одржување на дистанца од минимум 2 метри, избегнување на масивни собири и сл.

Светската здравствена организација советува задолжителна употреба на маска во следните ситуации: доколку кашлате, имате проблеми со дишењето, имате треска и температура, но и задолжителна изолација и тестирање.

Доколу немате симптоми маска треба да се носи кога сте во затворена просторија и во контакт со други луѓе.

Избегнувајте панично носење на маски кога сте сами, на отворено и има доволно простор за да држите дистанца.

Доколку се грижите за лице кое е позитивно на вирусот, задолжително носете маска и дополнителна заштитна опрема кога сте во иста соба.“

Како се користи маската?

Доколку користите маска, важно е да ја носите правилно, според следните упатства:

  • Пред ставање на маската на лице, измијте ги добро рацете, а потоа дезинфицирајте ги со алкохол или средство за дезинфекција.
  • Со маската прекријте ги носот и устата и проверете дали некаде има празен простор помеѓу лицето и маската.
  • Избегнувајте да ја допирате маската додека ви е на лицето. Доколку е потребно дополнително да ја наместите, пред тоа измијте ги рацете.
  • Заменете ја маската која ја носите со нова, кога таа ќе се навлажни од воздушните капки кои ги издишувате. НИКОГАШ не користете иста маска повеќе пати.
  • Кога ја тргате маската важно е да не ја допирате на предната страна, веднаш да ја фрлите во затворена корпа за отпадоци и рацете да ги миете 30 секунди со вода и сапун , а потоа да ги дезинфицирате.

Ако одлучите да носите маска, важно е тоа да го правите според горенаведените правила, во спротивно маската нема да ве заштити, напротив ќе биде извор на инфекција.

Бидете одговорни кон себе и останатите и останете во добро здравје.


АМ

Коментари