Што им прави COVID-19 на белите дробови?

Што им прави COVID-19 на белите дробови?

COVID-19 е респираторна болест, болест која особено го зафаќа респираторниот тракт, вклучувајќи ги и белите дробови.

COVID-19 може да предизвика низа проблеми со дишењето, од лесни до критични. Постарите возрасни лица и луѓето кои имаат други претходни болести како срцеви заболувања, рак и дијабетес може да имаат посериозни симптоми.

Еве што им прави новиот коронавирус на белите дробови:

SARS-CoV-2, вирусот што предизвикува COVID-19, е дел од семејството на коронавируси.

Кога вирусот ќе влезе во телото, тој доаѓа во контакт со мукозните мембрани што ги обложуваат носот, устата и очите. Вирусот влегува во здрава клетка и ја користи клетката за да создаде нови делови од вирусот. Се размножува, а новите вируси ги инфицираат блиските клетки.

Замислете го респираторен тракт како дрво свртено наопаку. Стеблото е трахеата или душникот. Се дели на помали и помали гранки во вашите бели дробови. На крајот од секоја гранка има мали воздушни вреќи наречени алвеоли. Ова е местото каде се врши размена на гасови ( кислород и јаглеродиоксид)

Новиот коронавирус може да го зафати горниот или долниот дел од респираторниот тракт. Тој „патува“ долж  дишните патишта. Мукозата може да стане иритирана и воспалена. Во некои случаи, инфекцијата може да достигне сè до алвеолите.

COVID-19 е нова состојба, а научниците секој ден учат повеќе за тоа какви сѐ последици може да предизвика вирусот. Веруваат дека ефектите врз вашето тело се слични на оние на две други коронавирусни заболувања, тежок акутен респираторен синдром (severe acute respiratory syndrome-SARS) и „Middle East “респираторен синдром (МЕRS).


AM

Коментари