COVID-19

Стапките на позитивни тестови на КОВИД-19 поврзани со нивото на витаминот Д

 

Покрај лечењето и вакцината за КОВИД-19, потребно е да се истражат и други методи на намалување на стапката на заразата, истакнуваат научниците.

Во оваа студија е користена ретроспективна набљудувачка анализа на шифрирани тестови за да се утврди дали нивоата на 25-хидроксивитаминот Д (25(OH)D) во циркулација се поврзани со стапката на позитивни тстови на КОВИД-19. Во студијата биле вклучени над 190.000 пациенти од 50 држави, со резултати од тестови спроведени од средината на март до средината на јуни 2020 година и биле споредени со резултатите од анализата на статусот на 25(OH)D во крв од претходните 12 месеци.

Резултатите од студијата покажале дека стапката на позитивни тестови на SARS-CoV-2 била повисока кај 39.190 заболени со намалени вредности на 25(OH)D во крвта (<20 ng/mL) отколку кај 27.870 заболени со адекватни вредности (30-34 ng/mL) и 12.321 пациенти со вредности повисоки од 55 ng/mL.

Оваа поврзаност е очекувана, бидејќи витаминот Д има многу дејства кои влијаат на вродениот и стекнатиот имунитет. Респираторните макрофаги и епителните клетки ја поттикнуваат конститутивната експресија на генот за синтеза на рецептори на витаминот Д. Делувајќи преку овој рецептор, витаминот Д може да биде важен во заштитата од респираторни инфекции. Покрај тоа, важно дејство на витаминот Д е сузбивањето на прекумерното ослободување на цитокин кој може да доведе до „цитокинска бура“ – честа причина на морбидитети и смртност поврзани со болеста КОВИД-19.

Реклама

Ова откритие не ги изненадило научниците, со оглед на утврдената обратнопропорционална поврзаност помеѓу ризикот од респираторни вируси, вклучувајќи го и грипот, и нивото на 25-хидроксивитаминот Д во крвта. Земањето на витамин Д во облик на додаток во исхраната може да ја намали зачестеноста на респираторни инфекции, особено кај луѓе со недостаток на витамин Д. Експертите заклучуваат дека нивните откритија се поттик во истражувањето на улогата на земањето витамин Д како додаток во исхраната за намалување на ризикот од инфекцијата КОВИД-19.


 

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button