Состојки:
- 70грама кокосово масло
- 35грама мед или јаворов сируп
- 70грама незасладено какао
- пола кафена лажичка екстракт од ванила
- прстофат сол
- кокосови трошки, за декорација
Начин на припрема:
- Ставете хартија за печење во мал коцкаст сад (може да биде стаклен сад , за складирање на храна) и ставете го на страна.
- Во сад измешајте ги кокосовото масло, медот/јаворовиот сируп, какаото, екстрактот од ванила и солта се додека не добиете хомогена смеса. Доколку имате потешкотија со соединувањето, мешајте ги на шпотет, на ниска температура сѐ додека не се соединат.
- Истурете ја сместа во веќе припремениот сад и ставете ја да се лади во фрижидер од прилика околу еден час, а потоа ставете од кокосовите трошки и послужете.
Мирјана Димитриевска