Рецепти

Чоколадни коцки со кокосово масло

Состојки:

  • 70грама кокосово масло
  • 35грама мед или јаворов сируп
  • 70грама незасладено какао
  • пола кафена лажичка екстракт од ванила
  • прстофат сол
  • кокосови трошки, за декорација

Начин на припрема:

  1. Ставете хартија за печење во мал коцкаст сад (може да биде стаклен сад , за складирање на храна) и ставете го на страна.
  2. Во сад измешајте ги кокосовото масло, медот/јаворовиот сируп, какаото, екстрактот од ванила и солта се додека не добиете хомогена смеса. Доколку имате потешкотија со соединувањето, мешајте ги на шпотет, на ниска температура сѐ додека не се соединат.
  3. Истурете ја сместа во веќе припремениот сад и ставете ја да се лади во фрижидер од прилика околу еден час, а потоа ставете од кокосовите трошки и послужете.

    Мирјана Димитриевска

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button