Рецепти
Чија пудинг со јагоди

Нутритивно богат десерт. Чија семето е една од така наречените суперхрани. Содржи голема количина на здрави масти, Омега 3, дигестивни влакна и протеини. Освен тоа, подготвена на овој начин е превкусна.
Состојки:
50g Чија семе
Ванила екстракт
Засладувач
15g Протеински прав (по желба)
300-400ml вода
100g Јагоди
Начин на подготовка:
1.Измешајте ги сите состојки
2.Оставете да отстојат 3-4 часа (или цела ноќ)
3.Додадете ги исецканите јагоди
4.Од оваа количина можете да добиете 1 голема или 2 помали порции
Нутритивни вредности(за целиот рецепт):
Калории:452 Јаглехидрати:31g Масти:16g Протеини:25g
За повеќе здрави и вкусни рецепти посетете ме на мојот инстаграм профил: https://www.instagram.com/the_fitnesscook/
Мануел Трајчев