ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Сок од целер: извор на здравје и пријатно освежување во вашиот ден

Секојдневно сме сведоци на нови вести поврзани со исхраната, а во денешно време на социјалните мрежи ваквите вести се шират со неконтролирана брзина.

Голем број на популарни трендови во исхраната полека се забораваат, додека новите стануваат сè попопуларни секој ден. Во последно време, пиењето на сок од целер е на врвот .

Па токму поради тоа направивме мало истражување за наводните и докажани придобивки од пиењето сок од целер.

Зошто сок од целер?

Сокот од целер е еден од оние тоници што го чистат црниот дроб – ве лечи, а покрај тоа и слабеете и го поддржува здравјето во целост. Во прилог дел од својствата на целерот:

Кои се вистинските придобивки од сокот од целер?

Целерот содржи 1,8 гр растителни влакна на 100 гр целер. Препорачана количина на овој сок е приближно половина литар на ден.

Очигледно е дека количина на влакна може да се приближи кон задоволување на дневните потреби.

Познато е дека нерастворливите влакна минуваат низ дигестивниот систем скоро непроменето и затоа имаат способност да апсорбираат вода со што помагаат редовно празнење на цревата. Следствено, влакната имаат позитивен ефект врз варењето на храната.

За споредба, 100 гр јаболко со кора има 3,2 гр растителни влакна, 100 гр капини имаат 7,3 гр, а малината дури 9,3 гр влакна на 100 гр.

Односно, за помала количина на ова овошје, иста количина на влакна може да се воведе како во половина литар сок од целер.

Целерот има многу мала калориска вредност, 17 kcal на 100 g. Со пиење половина литар сок, се внесуваат помалку од 100 kcal во организмот. Поради големиот волумен, тој секако придонесува за одржување на ситост и на тој начин може да помогне во одржување на здрава телесната тежина.

Неколку студии покажуваат дека целерот има антихипертензивно дејство како резултат на присуството на хемиското соединение 3-н-бутилфталид. Тоа заедно со седанолид е одговорно за аромата и вкусот на целерот.

Во клиничките студии, пациентите кои конзумирале сок од целер, исто така, покажале подобри наоди во однос на намалување на крвниот притисок. Со ова се потврдуваат резултатите од претходните студии.

Може ли да ви наштети сокот од целер?

Ризикот е најмал кај здравите лица. Проблемот се јавува со верувањето во чудесни медицински препарати кои се продаваат на пациенти со одредени дијагностицирани болести. Тоа ги прави крајно ранливи.

Ако сте го пробале, знаете дека не е најпривлечен во поглед на вкусот. Но, тоа не значи дека не треба да го мешате со друго овошје и зеленчук и со тоа да го подобрите не само неговиот вкус, туку и целокупниот хранлив состав.

Exit mobile version