Кардиоваскуларен системЛабараторија и дијагностика

Што е електрокардиограм (ЕКГ): сѐ што треба да знаете

Електрокардиограм претставува графички приказ на електриччната активност на миокардот, која настанува како резултат на електрични избивања на мембраната на миоцитите( миокардни клетки).

При читање на ЕКГ најпрво се одредува фрекфенција на срцето, ритам и дали срцето има хипертрофија и инфаркт.

За што служи ЕКГ?

Освен кај сите тегоби и знаци кои се показатели за срцеви заболувања, ЕКГ се користи и кај емфизем на бели дробови, инфаркт на бели дробови, хипер/хипогликемија, хипер/хипокалцемија, при користење на дигиталис, кинидини и др.

ЕКГ има специфично дијагностичко значење во следните околности: 

  • Пореметување на функцијата на генераторите на ритам (СА јазол) при што генераторната улога ја превзема некој друг ектопичен центар кој може да биде во преткоморите, АВ јазолот или во коморите.
  • Пореметување во ритмот на срцето (аритмија,тахикардија, брадикардија, екстрасистоли, срцеви блокови, фибрилација на преткомори и комори.)
  • Хипертрофија на преткомори и комори (зголемување на дебелината на ѕидот).
  • Успорено спровењување на акциски потенцијал низ преткомори и комори.
  • Исхемија и инфаркт на миокардот.
  • Перикардитис.
  • Системски заболувања на срцето.
  • Одредување на дејство на лекови.
  • Пореметување на електролитна рамнотежа, особено на калиум.

Секоја од горенаведените состојби се одразува на специфичен и препознатлив начин на ЕКГ записот и со навремено и точно препознавање на абнормалностите се зголемуваат можностите за поставување на брза и точна дијагноза.

Реклама biskviti za deca

AM

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button