Неколку совети за брзо и лесно откажување од цигарите

Неколку совети за брзо и лесно откажување од цигарите

Пушач сте и сакате да се откажете од цигарите, но не ви оди баш од рака?

Еве неколку совети кои би го олесниле и забрзале процесот:

 

1.Пронајдете ја вашата причина

За да бидете мотивирани, потребна ви е моќна, лична причина за откажување. Можеби сметате дека би го заштитиле своето семејство од пасивениот чад или пак ќе ги намалете шансите да добиете рак на белите дробови, срцеви заболувања или  ќе ви помогне да изгледате и да се чувствувате помлади. Изберете причина што е доволно силна да ја надминете потребата за никотин.

2.Подгответе се наместо ненадејно да започнете со овој процес

Знаеме дека откажувањто е многу повеќе од само фрлање на цигарите. Пушењето создава зависност, па така нашиот мозок станува  зависен од никотин. Организирајте поддршка однапред, таа претставува многу важен чекор во целиот процес. Прашајте го вашиот лекар за сите методи кои ќе ви помогнат, како што се часови и апликации за откажување од пушење, советување..

Посетете го  бесплатното советувалиште за откажување од цигари при Центарот за јавно здравје – Пролет.

3.Размислете за заменска терапија со никотин

Кога ќе престанете да пушите, откажувањето од никотин може да предизвика главоболка, да влијае на вашето расположение или да се чувствувате исцрпени. Желбата за „само една цигара“ е тешка. Никотинската терапија за замена може да ги запре овие нагони. Студиите покажуваат дека никотинската гума за џвакање, пастилите и лепенките ги подобруваат шансите за успех кога сте во процес на откажување од пушење.

4.Информирајте се за лековите на рецепт

Лековите можат да ја потиснат желбата, а пушењето може и да не ви предизвикува толку големо задоволство како порано. Но, внимателно другите лекови можат лесно да предизвикаат симптоми, како што се депресија или тешкотии со концентрацијата.

5.Потпрете се на вашите најблиски

Кажете им на пријателите, семејството и другите луѓе со кои сте блиски, дека се обидувате да се откажете од пушење. Тие можат да ве охрабрат да продолжите, особено кога имате желба повторно да запалите цигара. Можете исто така да се придружите на група за поддршка или да разговарате со советник. Бихејвиоралната терапија е вид советување кое ви помага да ги идентификувате и да се придржувате до стратегиите за прекинување на пушењето. Дури и неколку сесии можат да помогнат.

6.Одморете се

Една од причините зошто луѓето пушат е што никотинот им помага да се релаксираат. Откако ќе престанете, ќе ви требаат нови начини да се опуштите. Постојат многу можности. Може да вежбате, да ја слушате вашата омилена музика, да се поврзете со пријателите, да се почестите со масажа или да одвоите време за ново хоби. Обидете се да избегнете стресни ситуации во текот на првите неколку недели откако ќе се откажете од пушењето.

7.Избегнувајте алкохол и сѐ она што ве предизвикува желба за цигара

Кога пиете, потешко е да се држите до целта односно да не пушите. Затоа, обидете се да го ограничите алкохолот кога ќе се откажете. Исто така, ако често пушите додека пиете кафе, обидете се да пиете чај неколку недели, со цел да си олесните. Ако обично пушите после оброк, најдете нешто друго наместо тоа, како што се миење на забите, пешачење, гледајте телевизија или пак посегнете по гума за џвакање.

8.Ослободете се од сѐ што ве потсетува на оваа навика

Кога ја испушите последната цигара, фрлете ги сите пепелници и запалки. Исперете ја облека, теписите, пердето и сѐ она што има мирис на цигари. Користете освежувач за воздухот за да се ослободите од тој познат мирис. Ако сте пушеле во автомобилот, исчистете го и него. Потрудете се да немате ништо околу вас што ќе ве навраќа на таа навика.

9.Обидете се повторно и повторно

Многу луѓе се обидуваат неколку пати пред да се откажат од цигарите засекогаш. Ако запалите цигара, не се обесхрабрувајте.  Наместо тоа, размислете што ве доведе до вашиот релапс, како што се чувствата или околината во која се наоѓавте. Користете го ова како можност да ја зголемите вашата посветеност кон откажувањето. Откако ќе донесете одлука да се обидете повторно, поставете „датум на прекинување“ во најбрзо време.

10.Раздвижете се и јадете повеќе зеленчук и овошје

Активноста може да ја запре желбата за никотин и да ублажи некои од симптомите на откажување. Кога сакате да посегнете по цигара, наместо тоа, облечете ролерки или патики за трчање. Дури и лесни вежби помагаат, како што е шетање куче или кубење плевел во градината. Калориите што ги согорувате исто така ќе ве спречат да се здебелите кога ќе престанете да пушите.

Не се обидувајте дури и да држите диета додека се обидувате да ги оставите цигари. Наместо тоа, бидете едноставни и обидете се да јадете повеќе овошје, зеленчук, цели зрна и протеини со малку маснотии. Добро е за целото тело.

11.Наградете се

Покрај сите здравствени придобивки, една од поволностите од откажувањето на цигарите е тоа што ќе заштедите. Наградете се трошејќи дел од парите на нешто забавно.

12.Запомнете дека времето е на ваша страна

Штом ќе се откажете, веднаш ќе започнете да ги забележувате здравствените придобивки. По само 20 минути, срцевиот ритам се враќа во нормала, за еден ден нивото на јаглерод моноксид во крвта се враќа на своето место. За само 2-3 недели, се намалуваат шансите за срцев удар. На долгорочен план, исто така, ќе ги намалите шансите да добиете рак на белите дробови и други видови на рак.


М.Д

Коментари