Исхрана

Зошто на нашиот организам му е потребна брокула?

Брокулата е од родот Брасика, во кој спаѓаат и зелка, карфиол, кељ, жолто цвекло, репки. Постои најмалку 2000 години, потекнува од Италија а била омилена храна на Римјаните.

Состав

Брокулата е богата со корисни хранливи материи и има многу ниска калориска вредност. 100 грама брокула содржат само 28 калории, 3 грама протеини.

Брокулите исто така се богати и со многу витамини и минерали.

  • Брокулите содржат витамин А-20%, Ц-67%, К-110% и витамини од грпата Б;
  • Витамин А во формата на бета-каротен;
  • Една средно голема брокула содржи повеќе витамин Ц, отколку еден портокал;
  • Брокулите се богат извор на витамини од групата Б како: Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б9 (фолна киселина);
  • Минерали кои во големи количини се присутни во брокулите се: железото, калциумот, калиумот, магнезиумот и цинкот;
  • Брокулите се богати и со растителни влакна и фитохемикалии;
  • Индол-3-карбинол, состојка која поправа ДНК во клетките и го спречува растењето на канцер клетки;
  • Големо количество каротеноиди, лутеин и бета-каротен.

Зошто брокула?

Рак

Брокулите нè штитат од многу видови рак како: рак на дојката, рак на матката, рак на простатата, рак на внатрешните органи (бели дробови, црн дроб, бубрези) и.т.н. Тие се особено добри за лица кои имаат рак на дојка или рак на матката, затоа што го отстрануваат вишокот на естроген од телото.

Анемија

Анемијата е директно поврзана со недостаток на железо и некои протеини. Брокулите се богати со нив, па затоа нивното консумирање е природен лек против анемија.

Реклама biskviti za deca

Висок крвен притисок

Брокулите му помагаат на инсулинот правилно да функционира и го регулираат шеќерот во крвта. Витамините, растителните влакна и омега-3 масните киселини присутни во брокулите го регулираат крвниот притисок.

Срцеви заболувања

Освен антиоксиданси, брокулите содржат и многу растителни влакна, бета-каротен, омега-3 масни киселини и витамини, кои го намалуваат нивото на „лош“ холестерол, го регулираат крвниот притисок и со тоа ја одржуваат нормалната работа на срцето.

Очи

Бета-каротенот, зеаксантинот, витаминот А, фосфорот и другите витамини како Б-комплекс, витамин Е и витамин Ц, присутни во брокулите, се многу добри за одржување на здравјето на очите.

Кожа

За вашата кожа да биде млада и да сјае, потребно е да внесувате антиоксиданти како бета-каротен и витамин Ц, витамини како Б-комплекс, витамин Е (кој што им дава сјај на кожата и косата), витамин А, витамин К и омега-3 масни киселини и амино киселини. Сето тоа можете да го внесете преку консумирањето на брокули и да го подобрите изгледот на вашата кожа.

Детоксикација

Присуството на витамин Ц, сулфур и одредени амино киселини во брокулите, ги прави одлично средство за детоксикација на телото. Тие помагаат за отстранување на слободните радикали и токсините од телото и ја прочистуваат крвта.

Имунитет

Брокулите содржат многу витамини и минерали, кои помагаат да се зајакне имунитетот. Тие се јавуваат како заштитници од многу инфекции.

Стомачни проблеми

Брокулите се богати со растителни влакна, магнезиум и многу витамини, кои помагаат да се намали вишокот на киселини во стомакот, да се преброди запекот, да се подобри варењето на храната и подобро да се апсорбираат хранливите материи од храната.

Освен горенаведените позитивни ефекти на брокулата, таа помага и при проблеми со коските, остеопороза, проблеми во бременоста и породувањето, катаракта и друго.

Како да се внесува?

Најдобро е зелениот зеленчук да се консумира сиров или приготвен на пареа. Брокулата во текот на процесот на варење во дигестивниот тракт се разградува прво доглукорафин,а потоа од него се добива сулфорафан.Сулфорафанот е активна форма и одговорна за заштита на клетките од карцином. Бидејќи глукорафинот е растворлив во вода, од варената брокула се добива помала количина глукорафанин кој се претвара во сулфорафан во дигестивниот тракт, додека при консумирање на сирова брокула, ова се случува уште во текот на процесот на џвакањето. Од друга страна, со варењето се намалува количината на хранливите материи кои ги содржи.

Колку пати неделно да се консумира?

Брокулата е корисно да се консумира најмалку два пати неделно. Но, не треба да се претерува со конзумирањето, бидејќи сулфатот кој го содржи може да предизвика чувство на мачнина и надуеност на стомакот

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button