Артритис претставува воспаление на зглобовите. Постојат повеќе од 100 видови на артритис. Најчести форми се остеоартритис (дегенеративна болест на зглобовите) и ревматоиден артритис.
Симптоми
- Болки и се поголема вкочанетост без видливо отекување,треска или температура во текот на вообичаените активности,веројатно,укажуваат на постапно појавување на остеоартритис.
- Болните отоци, воспаленија и вкочанетост во рацете, нозете, рачните зглобови или прстите на рацете и зглобовите од двете страни на телото, особено по будењето, може да се знаци на ревматоиден артритис.
- Температурата, воспалението на зглобовите, чуствителноста и острите болки, понекогаш придружени со треска и поврзани со повреда или со некоја друга болест, може да укажуваат на инфективен артритис.
- Повремената зголемена температура кај децата, проследена со губењето апетит и телесна тежина, анемија и егзема по рацете и нозете може да укажуваат на јувенален (детски) ревматичен артритис.
Лоши навики и состојби кои предизвикуваат болка во зглобовите
- Обезност (дебелина);
- Постојано носење високи потпетици;
- Куцање со палец;
- Носење на неудобни, тврди или износени обувки;
- Пукање на коските и малите зглобови од пристите на рацете;
- Често носење на тежок ранец или друг товар на грбот;
- Форсирање на малите мускули при голем физички напор;
- Спиење на стомак;
- Невнимание при напорен физички тренинг;
- Пушење цигари;
- Недостаток на доволен и квалитетен сон;
- Невнимание при положба во која седите поголем дел од денот;
- Игнорирање на болката која се јавува во зглобовите;
- Предолго седење во иста положба пред компјутер;
- Мала физичка активност;
Обратете се кај вашиот лекар ако:
- Ако болките и вкочанетоста настапат брзо, без разлика дали се од повреда или од непозната причина, можеби се работи за почетна фаза на ревматоиден артритис.
- Доколку болките се придружени со температура, можно е присуство на инфективен артритис.
- Ако забележите болки и вкочанетост во рацете, нозете или на грбот, по кратки периоди на седење или по непроспиена ноќ, можеби се развива остеоартритис или некое друго артритично заболување.
- Ако кај детето се јават болки или егзема под пазувите, на колената, на рачните и ножните зглобови или има промени на температурата, слаб апетит и слабеење, детето можеби има јувенилен ревматоиден артритис.