Здравје кај деца

Како да препознаете дали вашете дете страда од анемија?

Анемија или слабокрвност претставува намалување на вредностите на хемоглобинот со или без намалување на вредностите на еритроцитите (црвените крвни зрнца).

Недостигот на хемоглобин и недоволен број на еритроцити  резултира со намалено снабдување на клетките со кислород и манифестирање на клиничките знаци на анемија.

Што може да доведе до анемија?

Нарушено создавање на еритроцити во коскената срцевина-еритропоеза, хемолиза – зголемен распад на еритроцити поради вродени и стекнати заболувања, како и губиток на крв при акутни и хронични крвавења се трите фактори кои се можна причина за појава на анемија.

Симптоми кои се јавуваат кај анемичните деца

Анемијата многу често е придружен симптом на други, најчесто хронични заболувања. Најчестите симптоми на анемија се:

  • Недостиг на енергија, изнемоштеност или недостиг на концентрација;
  • Намален имунитет и склоност кон инфекции;
  • Заостанување во растот и развојот;
  • Главоболка и вртоглавица;
  • Забрзана работа на срцето (тахикардија);
  • Отежнато дишење;
  • Бледило на кожата и видливите слузници;
  • Жолтило на кожата и белките на очите;
  • Зголемени црн дроб и слезинка;
  • Нерегуларни менструални циклуси или изостанување и одложување на менструален циклус.

Како се дијагностицира анемија?

Анемијата вообичаено се дијагностицира преку крвната слика која покажува намалени вредности на хемоглобин и намален или нормален број на црвени крвни зрнца. Се прават и останати дополнителни анализи и дијагностички процедури за одредување на видот на анемијата.

Реклама biskviti za deca

Третман

Третманот на анемијата во детската возраст е различен во зависност од видот на дијагностицираната анемија и може да се состои од:

  • Терапија со суплементи, витамини и промена на начинот на исхрана при нутритивна анемија;
  • Третман на основното заболување кое довело до анемија;
  • Вадење на слезинката (во случај на хемолитична анемија);
  • Трансфузија на еритроцити ако е неопходно;
  • Трансплантација на коскена срцевина (во случај на нефункционирање на коскената срцевина);

За да не дојде до појава на анемија и последователни животозагрозувачки компликации, најдобра превенција се здрава и балансирана исхрана и редовни рутински прегледи на крвна слика и секако при било каков симптом потребна е консултација со лекар.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button