Покачено ниво на билирубин во крвта е проблем со кој се среќава голем процент од населението. За одредување на нивото на билирубин потребно е да направите соодветни лабараториски анализи кои се користат за испитување на хепатобилијаниот систем.
Граници во кои треба да се движи директниот и тоталниот билирубин се:
Директен билирубин: 0.0 – 6.6 µmol/L
Тотален билирубин: 0.0 – 21.0 µmol/L
Доколку вашиот наод од крвна слика покажува вредност надвор од овие граници, постои можност дека:
- имате проблем со функционирањето на црниот дроб
- имате проблем со функцијата на жолчното ќесе
- страдате од Gilbert-ов синдром
- сте хронично уморни и ненаспани
Кои чекори треба да се превземат доколку имате покачени вредности на билирубин?
Неопходно е да го контактирате вашиот лекар и да побарате преглед на црниот дроб и жолчното ќесе.
Ако вредностите за директен билирубин и тотален или вкупен билирубин се значително зголемени, постои можност да имате посериозен проблем со еден од овие органи (во некои случаи е можно и со двата).
Ако ултразвукот покаже дека црниот дроб и жолчното ќесе се во ред, тогаш можно е имате Gilbert-ов синдром.
Gilbert-ов синдром се манифестира со покачено ниво на билирубин во крвта и нивото може значително да варира. Единственото нешто што можете да направите е да се одморите повеќе и на тој начин да му помогнете на вашето тело полесно да го метаболизира вишокот билирубин.
Вишокот билирубин се јавува како резултат на неможноста на организмот да го метаболизира билирубинот доволно и да го излачи низ дигестивниот тракт.
Треба да се нагласи дека оваа болест е безопасна и се пренесува генетски. Доволно е да се одморите повеќе, да се воздржите од консумирање алкохол и газирани пијалоци, да не се изложувате на екстремно тешки физички напори и да бидете внимателни да не останете гладни долго време и да не дехидрирате.
Дијагнозата на овој синдром се одредува со испитување на црниот дроб и жолчката. Ако ниту црниот дроб ниту жолчката не се причина за покачен билирубин, тогаш се поставува дијагнозата на Gilbert-овиот синдром.
Исто така, нивото на билирубин може да се покачи ако:
- сте лишени од сон, уморни
- сте биле изложени на поголем физички напор
- често тренирате и користите разни додатоци на протеини
- консумирате алкохол и разни лекови
Ако спаѓате во оваа група на луѓе со покачен билирубин, престанете со лошите навики, спијте доволно, живејте здрав живот и повторете го тестот по два до три месеци.