Гастроинтестинален системЗдравје од А до ШИсхранаХрана и живот

Авокадо – за здрави црева

Воведувањето авокадо во секојдневната исхрана може да помогне во подобрување на здравјето на цревата со зголемување на бројот и разновидноста на бактериите во цревата.

Авокадото има голем дел незаситени масни киселини и диетални влакна кои играат важна улога во поддршката на здравјето на цревата и микробиомот. Бројни истражувања укажуваат на врска помеѓу редовно конзумирање на авокадо и ситоста, како и влијанието врз намалувањето на нивото на холестерол во крвта. Сепак, многу помалку е познато за тоа како авокадото може да влијае на цревните бактерии кои имаат улога во разградувањето на влакната.

Спроведена е студија во која се истражувааат ефектите од конзумирање на авокадо врз гастроинтестиналната микробиота и се испитува хипотезата дека мастите и влакната во авокадото позитивно влијаат на цревниот микробиом. Исто така, истражена е поврзаноста на цревните бактерии со резултатите од здравјето. Студијата вклучува 163 лица на возраст меѓу 25 и 45 години кои биле со прекумерна тежина или дебели, но здрави. Испитаниците добивале еден оброк дневно како замена за појадок, ручек или вечера. Една група конзумирала авокадо со секој оброк, додека контролната група конзумирала сличен оброк, но без авокадо.

 “Секојдневното конзумирање на авокадо резултира со зголемено ниво на ацетат со кратки ланци масна киселина во столицата, зголемен број на бактерии од родот Фекалибактериум, Лахноспира и Алистипи (бактерии одговорни за ферментација на диетални влакна) и зголемени концентрации на произведени метаболити од бактерии во примероци на столица.”

Истражувачите собрале примероци од крв, урина и столица од испитаниците во текот на 12-неделното истражување. Тие исто така имале во предвид колку оброци јаделе и ги евидентирале сите конзумирани оброци на секои четири недели.

Реклама

Внесувањето на свежо авокадо во период од 12 недели резултирало со промени во фекалната микробиота и зголемени концентрации на микробиолошки добиени метаболити кај возрасни лица со прекумерна тежина и дебелина. Овие откритија обезбедуваат информации за влијанието на внесот на авокадо врз цревната микробиота и имаат важни импликации за диететски интервенции спроведени меѓу растечката високо ризична популација на возрасни со прекумерна тежина или кај дебели лица.

Иако на авокадото се гледа како хранлива намирница богата со важни микронутриенти како калиум, растителни влакна и „здрави“ масти, ова истражување дава силни докази дека авокадото може да се смета и за храна што укажува на придобивки за здравјето на цревата.

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button