Артритис: Лоши навики кои предизвикуваат болка во зглобовите

Артритис: Лоши навики кои предизвикуваат болка во зглобовите

Артритис претставува воспаление на зглобовите.Постојат повеќе од 100 видови на артритис. Најчести форми се остеоартритис (дегенеративна болест на зглобовите) и ревматоиден артритис.

Симптоми

  • болки и се поголема вкочанетост без видливо отекување,треска или температура во текот на вообичаените активности,веројатно,укажуваат на постапно појавување на остеоартритис;
  • болните отоци, воспаленија и вкочанетост во рацете, нозете,рачните зглобови или прстите на рацете и зглобовите од двете страни на телото, особено по будењето, може да се знаци на ревматоиден артритис;
  • температурата, воспалението на зглобовите, чуствителноста и острите болки, понекогаш придружени со треска и поврзани со повреда или со некоја друга болест, може да укажуваат на инфективен артритис;
  • повремената зголемена температура кај децата,заедно со губењето апетит и телесна тежина, анемија и егзема по рацете и нозете може да укажуваат на јувенален (детски) ревматичен артритис.

Лоши навики кои предизвикуваат болка во зглобовите

  1. Обезност (дебелина);
  2. Постојано носење високи потпетици;
  3. Куцање со палец;
  4. Носење на неудобни, тврди или износени обувки;
  5. Пукање на коските и малите зглобови од пристите на рацете;
  6. Често носење на тежок ранец или друг товар на грбот;
  7. Форсирање на малите мускули при голем физички напор;
  8. Спиење на стомак;
  9. Прескокнување на истегнување е лошо;
  10. Невнимание при напорен физички тренинг;
  11. Пушење цигари;
  12. Недостаток на доволен и квалитетен сон;
  13. Невнимание при положба во која седите поголем дел од денот;
  14. Игнорирање на болката која се јавува во зглобовите;
  15. Предолго седење во иста положба пред компјутер;
  16. Мала физичка активност;

Обратете се кај вашиот лекар ако :

  • ако болките и вкочанетоста настапат брзо, без разлика дали се од повреда или од непозната причина, можеби се работи за почетна фаза на ревматоиден артритис;
  • ако болките се придружени со температура, можно е присуство на инфективен артритис;
  • ако забележите болки и вкочанетост во рацете, нозете или на грбот, по кратки периоди на седење или по непроспиена ноќ, можеби се развива остеоартритис или некое друго артритично заболување;
  • ако кај детето се јават болки или егзема под пазувите, на колената, на рачните и ножните зглобови или има промени на температурата, слаб апетит и слабеење, детето можеби има јувенилен ревматоиден артритис.

 

 

Коментари