ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

18-24 ноември: Светската недела за разумна употреба на антибиотиците

Што се антибиотици?

Антибиотиците се лекови кои ви помагаат да ги запрете инфекциите предизвикани од некоја бактерија. Тие ги убиваат бактерите или пак го запираат процесот на нивна репродукција и нивно намножување.

Значењето на зборот “антибиотик” во буквална смисла е “против живот” и секој лек што убива микроби во вашето тело е всушност антибиотик. Но, многу луѓе го користат тој термин кога зборуваат за лек создаден да убива бактерии.  Во 1920 година, пред да бидат откриени антибиотиците многу луѓе умреле од минорни бактериски инфекции како што е стрептококен фарингитис, а и операциите биле ризични исто така. Но, откако во 1940 години антибиотиците станале достапни, животниот век на луѓето се зголемил, операциите станале побезбедни и луѓето можеле да преживеат инфекции кои во минатото биле смртоносни.

Што можат , а што неможат да направат антибиотиците ?

Поголемиот дел од бактериите кои живееат во нашиот организам се безопасни, а некои од нив се и корисни. Сепак бактериите може да го нападнат било кој орган, па антибиотиците можат да помогнат. Инфекции кои можат да бидат третирани со антибиотик се :

Само бактериските инфекции може да бидат излечени со антибиотик, додека настинката, грипот, повеќето кашлици, повеќето болки во грлото и стомачниот вирус се предизвикани од вируси. Антибиотиците нема да делуваат на нив. Вашиот лекар ќе ви препише антивирусни лекови за да ви помогне да се ослободите од нив и ќе ве советува да пиете многу течности и витамини. Не е секогаш очигледно дали инфекцијата е вирусна или бактериска, па затоа се прават тестови по препорака на вашиот доктор, со цел да се одреди правилната терапија.

Некои антибиотици дејствуваат на различни видови на бактерии. Тие се нарекуваат антибиотици со широк спектар, додека пак другите антибиотици чиј таргет е само една бактерија се нарекуваат антбиотици со тесен спектар.

Несакани ефекти:

Бидејќи вашето црево е полно со бактерии – и добри и лоши – антибиотиците често влијаат на вашиот дигестивен систем при лекувањето на инфекција. Чести несакани ефекти вклучуваат:

Повремено, може да имате други симптоми, како што се:

Совет: Никогаш не земајте антибиотици на своја рака бидејќи може да предизвикате спротивен ефект и да предизвикате резистенција кон одреден антибиотик. Доколку не се чувствувате добро и сметате дека имате потреба од лекови, консултирајте се со вашиот лекар и следете ги неговите совети.


М.Д

Exit mobile version