ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Светски ден на Алцхајмерова болест: oдреден начин на живот се поврзува со помал ризик од појава на деменција

Нормално е со текот на годините како што старееме, да почувствуваме мала конфузија дури и заборавеност. Но, кога ќе се забележиме дека  константно имаме проблем со мислењето, резонирањето и помнењето, можеби е знак дека станува збор за посериозна состојба, односно деменција.

Најчестиот причинител на деменција е Алцхајмеровата болест – состојба во која забележуваме пад на функцијата на мозочните клетки.

Кои се знаците? Алцхајмеротава болест најчесто започнува како благо когнитивно оштетување, коешто полека преминува во сериозни функционални нарушувања. Дел од знаците кои ни укажуваат на Алцхајмер се:

  1. Загуба на меморијата. Ова е еден од најчестите симптоми на Алцхајмеровата болест. Лицата со Алцхајмер најчесто:
  1. Проблеми со расудување и размислување. Лицата со Алцхајмер најчесто имаат голем проблем при работа со бројки, балансирање со сопствените финансии и со апстрактно размислување. Ова води до често измување на плаќање сметки.
  2. Промени во однесувањето.
  1. Дезориентација. Лицата со Алцхајмер може да заборават ден, месец или година. Тие исто така може погрешно да ја толкуваа својата околина и да се збунат каде се наоѓаат и зошто.
  2. Проблеми во комуникација. Оние коишто страдаат од Алцхајмер можно е да искусат потешкотии при присетување на точното име на предмети.
  3. Потешкотии при изведување на секојдневни активности. Индивидуите потешко се снаоѓааат во исполнувањето на едноставни активности или секојдневни навики.

Дали Алцхајмерот може да биде спречен?

Не постои докажан начин кој ветува дека може да ја спречи Алцхајмеровата болест. Некои истражувања укажуваат на тоа дека одреден начин на живот се поврзува со помал ризик од појава на деменција.

Дел од ризик факторите кои се поврзуваат со Алцхајмеровата болест се:

Доколку вие или ваш близок забележал некои од горенаведените симптоми неопходен е лекарски преглед. Со одржување на отворен дијалог меѓу вас и вашиот доктор за било какви грижи или симптоми , ќе имате доволно познавање за тоа како да се справите или да превенирате појава на Алцхајмеровата болест.


Мирјана Димитриевска

Exit mobile version