Кожа

Совети за полесно справување со целулитот

Целулитот е вечен непријател на жените. Уште се нарекува „портокалова кожа“, се појавува кај 90% од жените, а поретко кај мажите. Освен на задникот, бутовите и нозете, може да се појави на стомакот и рацете. Често целулитот претставува причина за намалување на самодовербата кај повеќето жени.

Зошто се појавува и како да се справите со него?

Постојат неколку основни причини за појава на целулит како:

  • неправилна исхрана
  • дехидратација
  • хормонално пореметување
  • недоволна физичка активност
  • пушење
  • стрес
  • поради генетска предиспозиција

Целулитот не исчезнува преку ноќ затоа мора да бидете трпеливи и истрајни. Започнете со промена на начинот на исхрана. Избегнувајте кофеин, алкохол и храна богата со заситени масни киселини и пробајте да ја замените со овошје, зеленчук и помалку солена храна.

Пијте многу вода и течности за да го забрзате отстранувањето на токсини од вашето тело. Вежбајте, така ќе ја затегнете вашата мускулатура, ќе ја подобрите циркулацијата и метаболизмот со што исто така ќе го забрзате исфрлувањето на токсини од вашето тело, а воедно ќе се ослободите од стресот и напнатоста.

Освен ова, постојат природни и хемиски препарати за отстранување на целулитот.

Реклама biskviti za deca

Природните можете да ги направите сами, а од нив издвојуваме :

  • пилинг со кафе (потребни ви се : половина шолја талог од турско кафе, 2 лажици кафеав шеќер и неколку капки маслиново масло). Нанесете од пилингот пред туширање, нежно и со кружни движења масирајте го пределот каде имате целулит. Потоа само исплакнете со млака вода.

Кога избирате хемиски препарати како крем против целулит, добро е да внимавате да содржи некоја супстанција од групата метилксантини, т.е. кофеин, теофилин и аминофилин, затоа што истражувањата покажуваат дека тие ги впиваат течностите и ги разградуваат масните наслаги.

Исто така, добро е да изберете и крем со ретинол, бидејќи тој го зголемува производството на колаген и ја прави кожата позатегната.

Запомнете дека кремите и сличните препарати само го маскираат целулитот, но тој се` уште е присутен под вашата кожа.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button