Во топлите денови внимавајте на алергија на сонце

Во топлите денови внимавајте на алергија на сонце

 

Со изложување на нашата кожа на сонце, често се појавуваат алергиски реакции. Црвенио,свраб, осип, меурчиња и болни чворови кои знаат да бидат многу непријатни, а се јавуваат неколку минути до неколку денови од првото изложување на кожата на сонце.

Алергија на сонце е реакција на кожата кон сончеви зраци со одреден спектар, во одредена годишна доба, но и во одредено време во текот на денот. Важно е да знаете дека таквата реакција која се нарекува алергија на сонце многу се разликува од други состојби и промени кои сончањето ги предизвикува.

Видови на алергија на сонце:

1.Полиморфна светлосна ерупција (ПЛЕ) –најчест вид на алергија на сонце, се јавува најчесто на пролет откако кожата која повеќе месеци била прекриена нагло ќе се изложи на сонце.

Симптоми: различни кај различни видови на ПЛЕ, но вклучуваат црвенило, пликови, осип во главно на трупот (градите, грбот) и внатрешната страна на раката.

Терапијата: кај агресивни симптоми и форми се кортикостероидни креми или антихистаминици.

 

2.Prurigo nodularis -на дистални делови на екстремитетите се јавуваат тврди црвеновиолетови, црвенокафеави ногулуси со големина од 1-2 см. Околната кожа е хиперпигментирана. Промените се пратени со силен сврбеж, а поради чешањето и гребењето настануваат крусти и екскоријации. Општи симптоми нема.

 

3.Urticario solaris  – Спектарот на зрачење кое може да предизвика ваква фотодерматоза е многу широк(од рентгенски до инфрацрвени зраци). Се претпоставува дека под дејство на овие зрачења во кожата се ослободуваат антигени кои предизвикуваат алергиска реакција од ран тип.

 

4.Фотоалергиска ерупција(фотореакција) – Станува збор за одложена воспалителна реакција која настанува како комбинација на сончеви зраци и одредени хемикалии кои се нанесуваат на кожата (креми, парфеми, шминка итн.). Овие реакции се манифестираат како нодули кои чешаат на местата изложени на сонце.

 

За да не се соочите со ваков или сличен проблем, внимавајте изложувањето на сонце да биде постепено особено ако имате осетлива кожа со посветол тен, користете заштитен фактор кој е најсоодветен за вас и во случај да добиете алергиска реакција веднаш посетете го вашиот лекар или дерматолог.


 

Коментари