ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Направете разлика помеѓу алергија и интолеранција кон храна

Физичките реакции на одредена храна се вообичаени, но повеќето се предизвикани од нетолеранција на храна отколку алергија на храна. Нетолеранција на храна може да предизвика исти или слични знаци и симптоми како и алергија на храна, така што луѓето честопати ги заменуваат овие поими.

Што е алергија на храна?

Алергија на храна предизвикува реакција на имунолошкиот систем што влијае на бројни органи во организмот. Може да предизвика низа симптоми. Во некои случаи, алергиската реакција на храна може да биде сериозна или опасна по живот. Спротивно на тоа, симптомите на нетолеранција на храна обично се помалку сериозни и честопати се ограничени на дигестивни проблеми.

Што е интолеранција на одреден вид храна?

Ако имате нетолеранција на храна, можеби ќе можете да ја јадете храната која ви создава проблем,но во  помала количина, исто така вие сте во можност да спречите реакција. На пример, ако имате нетолеранција на лактоза, можете да пиете млеко без лактоза или да земате апчиња со ензим лактаза (лактаид) за да помогнете во варењето на храната.

Причините за нетолеранција на храна

Кога да се обратам на лекар?

Ако имате реакција по внесување на некој вид храна, посетете доктор за да утврди дали станува збор за алергија или интолеранција на храна.

Доколку имате алергија на храна, изложени сте на ризик од животозагрозувачки состојби (гушење, анафилактичен шок итн.). Затоа многу е важно добро да се информирате за симптомите и знаците и да научите соодветно да реагирате во дадена ситуација. Можеби ќе имате потреба да носите со себе епинефрин- Adrenaclick, Auvi-Q, EpiPen за да си помогнете во итни состојби.

Доколку станува збор за интолеранција на одреден вид храна, лекарот треба да ве советува кои чекори да ги превземете како би ја олесниле дигестијата на состојките на кои сте интолерантни. Или  пак да ви помогне во третирањето на  основната состојба што доведува до интолеранцијата.

Глутенска интолеранција и целијакија: како да се справите со рестрикциите


Exit mobile version