ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Дали имате симптоми на акутен бронхитис?

Акутен бронхитис претставува акутно воспаление на трахеата и главните бронии. Се јавува најчесто во тек или непосредно по акутни вирусни инфекции на горни дишни патишта. Акутниот бронхитис поминува за неколку дена, иако кашлицата може да трае дури до 3 или повеќе недели.

Што може да биде причина за акутен бронхитис?

Инфекциите се чести кај болни со хроничен синузит и кај деца со проблематични крајници.

Карактеристични симптоми

Симптоми кои доминираат кај бронхитис се: кашлица, експекторација (искашлок), свирење во градите и благо покачена телесна температура.

Во почетокот, кашлицата е сува, надразнителна, слична на кашлица при астма, а потоа почнува искашлувањето. По извесно време искашлокот може да стане обилен и слузав. Таков искашлок укажува на бактериска инфекција. Кај болниот доаѓа до пораст на температурата до 39°C, што трае 3-5 дена, потоа акутните симптоми се повлекуваат иако кашлицата може да се пролонгира неколку недели.

Дијагноза

Правилна дијагноза се поставува на база на симптом.

Лекарот со стетоскоп може да слушне шумови, свирење или пискави звуци по искашлувањето. Ако симптомите се посериознии траат подолго потребно е да се направи рендген снимка на белите дробови.

Лекување

Ако болниот има покачена температура потребно е мирување, одмор и внес на доволни количини течности (3-4 литри/ден). Аналгетици и антипиретици се користат против болка и покачена температура. Антибиотици се употребуваат само при бактериски бронхитис.

Exit mobile version