Акутен бронхитис-дали ги имате овие симптоми?

Акутен бронхитис-дали ги имате овие симптоми?

Акутен бронхитис претставува акутно воспаление на трахеата и главните бронии. Се јавува најчесто во тек или непосредно по акутни вирусни инфекции на горни дишни патишта. Акутниот бронхитис поминува за неколку дена, иако кашлицата може да трае дури до 3 или повеќе недели.

Што може да биде причина за акутен бронхитис?

-прашина и полен,
-испарување на јаки киселини,
-амонијак,
-дим од цигари,
-вируси и поретко бактерии,
– др. фактори: студ,замор, лоша исхрана, пад на имунитет.

Инфекциите се чести кај болни со хроничен синузит и кај деца со проблематични крајници.

Карактеристични симптоми

Симптоми кои доминираат кај бронхитис се: кашлица, експекторација(искашлок), свирење во градите и благо покачена телесна температура.

Во почетокот, кашлицата е сува, надразнителна, слична на кашлица при астма, а потоа почнува искашлувањето. По извесно време искашлокот може да стане обилен и слузав. Таков искашлок укажува на бактериска инфекција. Кај болниот доаѓа до пораст на температурата до 39°C, што трае 3-5 дена, потоа акутните симптоми се повлекуваат иако кашлицата може да се пролонгира неколку недели.

Дијагноза

Правилна дијагноза се поставува на база на основи симптоми и знакови.

Лекарот со стетоскоп може да слушне шумови, свирење или пискави звуци по искашлувањето. Ако симптомите се посериознии траат подолго потребно е да се направи рендген снимка на белите дробови.

Лекување

Ако болниот има покачена температура потребно е мирување, одмор и внес на доволни количини течности (3-4 литри/ден). Аналгетици и антипиретици се користат против болка и покачена температура. Антибиотици се употребуваат само при бактериски бронхитис.


 

Коментари