ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

д-р Т. Поповски: aднекси на кожа

Кожата е најволуменозниот, повеќеслоен, плоснат орган, кој во целост го покрива човековиот организам. Структурните како и функционалните карактеристики на кожата во најголем дел се генетски одредени, но силно зависат од општата состојба на организмот, а во текот на животот се физиолошки менливи.

Потни жлезди

Ги има насекаде по кожата на човекот.Се делат на два типа: eкрини и апокрини потни жлезди.

  1. Екрини (мали) потни жлезди се вистински потни жлезди, тие се бројни, ги има околу 3 милиони и се распоредени со различна густина во различни регии на кожата. Најагусто распоредени се на дланките, стапалата (500-600cm2), чело и аксили.
  2. Апокрини (големи) потни жлезди, распоредени се во неколку подрачја на кожата и тоа најчесто зафатени сe: аксили, аногенитална регија, ареоли на дојки, надворешен ушен канал. До пубертетот апокрините жлезди се мали и нефункционални, а се активираат под дејство на половите хормони.

Лојни жлезди

Распоредени се насекаде по кожата, освен на дланките и табаните. Региите на телото каде се најмногу присутни, од 400-900 на cm2 (чело, нос, делот околу носот устата и брадата, позади ушите, средина на градна коска) се нарекуваат себороични регии.

Влакна

Карактеристични творби, имплантирани на кожата во кавитет наречен фоликул. Со својата варијабилна големина, тие навлегуваат во длабоките слоеви и тоа во кос правец.   Ја покриваат скоро цела повшина на кожата, освен дланките, табаните и тн.

Нокти

Во потесна смисла на зборот, преставуваат рожни (кератинизирани) плочи кои се епидермален продукт и тие го покриваат дисталниот дел од прстите на рацете и нозете. Ноктите на рацете растат 0,1мм дневно или 1цм за три месеци. На нозете растат два до три пати побавно. Растот на ноктите зависи од возраста, исхраната и надвроешни влијанија.

д-р Т. Поповски

Exit mobile version