4 придовки за вашата убавина со останувањето дома

Состојбата со COVID-19 сите нас нè затвори дома. На почеток ни изгледаше како да е тоа најлошото нешто што може да ни се случи, не знаевме што со себе и постојано бевме нервозни и депресивни. Но, ако ја погледнеме ситуацијата од друг агол ќе сфатиме дека седењето дома има многу позитивни ефекти врз нашето физичко и ментално здравје, бидејќи имаме доволно време да се посветиме на себеси.
Што може да направите за време на карантин?
1.Можете да се посветите на негување на кожата
-Убавата и сјајна кожа е сон на секоја девојка. Но, дали знаевте дека не ви требаат скапи производи за нега на кожа, можете истите да ги подготвите дома со многу едноставни состојки.
Овие неколку домашни маски ќе направат да имат чисто и здраво лице и да изгледате помладо.
Мед – Употребете мек пешкир и млака вода за да ги отворите порите на лицето. Размачкајте го медот на кожата и оставете го 15 до 30 минути. Измијте го лицето со топла вода и исушете го со мек пешкир и ладна вода за да ги затворите порите.
Жолчка од јајце – Размачкајте ја на лицето и вратот и оставете да делува 30 минути. Измијте се со ладна вода.
Белка од јајце – Изматете ја белката додека не стане пенеста и нанесете ја на лицето. Почекајте додека се исуши и измијте ја со топла вода.
Грозје – Исечете зрно грозје на половина и истријте го преку целото лице.
Банана – Изгмечете една презреана банана и размачкајте ја на лицето. Измијте го лицето по 15 до 20 минути, со топла вода.
Јогурт – Нанесете го на лицето откако детално ќе го исчистите и оставете го да дејствува 15 до 20 минути.
Јаболков оцет – Разводнете го оцетот со вода и нанесете го на лицето со памук како тонер, по миење на лицето секој ден и секоја вечер.
Маслиново масло – Намачкајте на усните (ако ви се испукани) пред да си легнете или намачкајте го лицето преку ноќ.
Сода бикарбона – Употребете ја како ексфолијант за лице и додадете ја во редовниот “чистач” за лице.
Млеко – Да, млеко. Размачкајте го на лицето со памук, оставете да се зацврсне. Измијте се со топла вода. По ова кожата ќе ви биде супер мека.
2.Повеќе спиење
Една од многуте предности на работата од дома е фактот дека не треба да поминете 15 минути размислувајќи што да облечете или да се мачите со шминка. Повеќе спиење значи подобра продуктивност и вашата кожа ќе има корист, бидејќи длабокото спиење го подобрува метаболизмот на вашата кожа, што значи дека регенерацијата на клетките на кожата е подобрена. Спиењето е навистина одлично за вашиот имунолошки систем. Ако сакате да одите еден чекор подалеку, не заборавајте да нанесете маска за спиење за да се разбудите со светкава кожа следното утро.
3.Време да научите сами да си правите педикир и маникир
-Има многу видеа на ЈутЈуб што можат да ви помогнат,многу едноставна постапка,а вашите нокти секогаш ќе бидат средени и убави.
4.ДЕТОКС на телото
-Имате пристап до кујната постојано,искористете ја паметно и помогнете му на вашиот организам да ја добие потребната нега.Подгответе едно литро вода со лимон и свежа краставица, испијте го тоа сабајле,додека навечер подгответе врела вода со зелен чај.
Миа Симоновска