Инфективни болести

Што треба да знаете за херпес симплекс вирус (HSV)?

Herpes simplex virus припаѓа на родот Simplexvirusa, а во фамилија Herpesviridae. HSV се пренесува преку директен контакт со активни лезии или со асиптоматски клицоносител, почесто преку дитектен контакт.

Тип 1 од овој вирус во главно се пренесува преку орален секрет, а тип 2 преку генитален секрет.
Пациент со генитален херпес може да го зарази партнерот во тек на орален сексуален однос. Вирусот ретко се пренесува преку предмети како WC-школка, туш или када.

Заразена трудница може да го пренесе вирусот на плодот за време на бременост или во тек на породувањето.

Патолошко (медицинско) значење

Акутен херпатичен гингивостоматитис  –најчеста клиничка манифестација на првата епизода на HSV 1 и  првенствено се јавува кај деца и адолесценти

Инкубација: 2-12 дена

Реклама biskviti za deca

Траење на болеста: 2-3 недели

Симптоми

  • Нагол почеток со треска
  • Температура
  • Болка во мускули
  • Болки во предел на усна шуплина
  • Зголемени вратни лимфни жлезди

Истовремено се јавуваат везикулозни(ситни пликови) промени на тврдо и меко непце, слузокожата на образот, јазикот и подот на усната празнина. Везикулозните промени брзо преминуваат во плитки улцерации кои при допир крварат и пратени се со интензивна болка. Кај имуносупресивни пациенти може да дојде до тешки инфекции на мукозата.

Видови

Кератоконјуктивитис – чест пример е корнеалното слепило. Почнува нагло со појава на болка, заматување на видот, конјуктивитис и карактеристични лезии на рожницата.

Хориоретинитис – се јавува кај новородени и HIV позитивни пациенти обично како резултат на дисеминирана инфекција. Промените траат 2-3 недели и поминуваат без секвели (последици).

Кожен херпес Најчесто се јавува на долната усна, но промените може да се прошират и  на носот, образите, ушите, вратот, градниот кош и дланките.

На местото кадешто ќе се јави ерупција на везикулозните промени се јавуваат продромални симптоми во вид на свраб или болка. Промените се повлекуваат околу десетиот ден. Кај имунокомпримитирани пациенти промените ја зафаќаат и слузокожата.

Херпетичен панарициум (пришт на прстот)се карактеризира со нагол почеток со оток, црвенило и болна осетливост на зафатениот прст, а настанува по директна инокулација на патогенот.

Генитален херпес – се карактеризира со многубројни мали, болни меурчиња на површината на кожата и слузницата. Спаѓа во најчестите полово преносливи болести во светот.

Многу луѓе не знаат дека боледуваат од генитален херпес бидејќи никогаш немале симптоми или не ги препознале симптомите што ги имале.

Кога личноста се заразува прв пат, симптомите се јавуваат се јавуваат за 2-10 дена, а траат 2-3 недели.

Рани симптоми на генитален херпес: свраб, печење во генитална или анална регија, болки во нозете, гениталиите и глутеалната регија, исцедок од вагината, чувство на притисок во стомакот.

После неколку дена се јавуваат ранички на местото каде што вирусот влегол во телото. Исто така може да се појават во внатрешноста на вагината, на вратот на матката или мочоводите(уретери) кај двата пола.

Најпрво се јавуваат мали папули, се развиваат во меурчиња кои подоцна прскаат и се создаваат болни, отворени рани. Други симптоми кои може да се јават се:  покачена температура, главоболка, болка во мускули, болно или отежнато мокрење, вагинален исцедок и отечени лимфни жлезди на препоните.

Дијагноза

Се изолира од херпетични лезии, исплувок, брис од назофаринкс,, ликвор, брис од око, амнионски течности. Се докажува со серолошки методи (ЕЛИСА, индиректна имунофлоресценција, ПЦР) .

Третман

Промените се мијат со благи средства за дезинфекција, благ раствор на калиум перманганат, раствор на борна киселина. Ацикловир е лек по избор за третман на ХСВ инфекција, а индикациите за третман се симптоматски форми на примарни и рекурентни инфекции.

Антивирусни лекови кои се користат за ублажување на симптомите на генитален херпес се:

  • Ацикловир за првата или подоцнежните епизоди на кожни промени на гениталниот херпес
  • Фамцикловир за подоцнежни епизоди на генитален херпес и помага да се спречи повторување
  • Валцикловир за подоцнежни епизоди на генитален херпес

Инфицираните области треба да се чуваат чисти и суви за да се спречи инфекција на отворени рани со други микроорганизми, да не се допираат промените на кожата, за да се избегне сексуален контакт од моментот кога симптомите ќе се почувствуваат за прв пат, додека кожните промени целосно не исчезнат, што значи додека не испаднат крастите и се појави нова кожа на местото на кожните промени.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button