Хипотироидизам е состојба во која телото не произведува доволно тироидни хормони.
Тироидните хормони помагаат во контрола на растот, подобрување на клетките и метаболизамот. Луѓето со хипотироидизам може да чувствуваат замор, опаѓање на косата, зголемување на телесната тежина, чувство на студ и зголемена омалаксаност.
Храната сама по себе нема да го излечи хипотироидизмот, но комбинацијата на соодветни хранливи материи и лекови може да помогне во подобрување на функцијата на тироидната жлезда и да ги минимизира симптомите.
Тироидата е мала жлезда, во форма на пеперутка, која е лоцирана во пределот на вратот. Создава и складира тироидни хормони кои влијаат на скоро секоја клетка во телото.
Кога тироидната жлезда прима сигнал наречен стимулирачки хормон на тироидната жлезда (TSH), тој ослободува тироидни хормони во крвотокот. Овој сигнал се испраќа од хипофизата, мала жлезда која се наоѓа во основата на вашиот мозок, кога нивото на тироидни хормони е ниско. Повремено, тироидната жлезда не ослободува тироидни хормони, дури и кога има многу TSH. Ова се нарекува примарен хипотироидизам и најчест вид на хипотироидизам. Приближно 90% од примарниот хипотироидизам е предизвикан од Хашимото тироидитис, автоимуна болест во која имунолошкиот систем ја напаѓа тироидната жлезда. Други причини за примарен хипотироидизам се недостаток на јод, генетско нарушување, земање одредени лекови како и операција со која се отстранува дел од тироидната жлезда .
Но, постојат и случаи во кои тироидната жлезда не прима доволно THS. Ова се случува кога хипофизата не работи правилно и се нарекува секундарен хипотироидизам.
Тироидните хормони се многу важни. Тие помагаат во контрола на растот, подобрување на клетките и метаболизамот – процес во кој вашето тело ја претвора храната која ја внесувате во енергија. Вашиот метаболизам влијае на температурата на вашето тело и со кое темпо согорувате калории. Затоа луѓето со хипотироидизам многу често чувствуваат студ и замор и лесно можат да ја накачат телесната тежина.
Храна која го одржува здравјето на тироидната жлезда
Доколку се соочувате со хипотироидизам ви препорачуваме да го зачестите внесот на:
- Јајца: голем дел од јодот и селенот се наоѓаат во жолчката, додека белките се полни со протеини
- Месо: сите меса, вклучувајќи јагнешко, говедско, пилешко, итн.
- Риба: сите морски плодови, вклучувајќи лосос, туна, калибус, ракчиња
- Зеленчук: се’ од зеленчук – додека лисестиот зеленчук се јаде во умерени количини, особено кога е термички обработен
- Овошје: сите овошки, вклучувајќи бобинки, банани, портокали, домати..
- Зрна и семиња без глутен: ориз, леќа, киноа, чиа семе и семе од лен
- Млечни производи: сите млечни производи, вклучувајќи млеко, сирење, јогурт
- Пијалоци: вода и сите безкофеински пијалоци
Луѓето со хипотироидизам треба да практикуваат исхрана базирана на зеленчук, овошје и посно месо. Тие се малку калорични и многу исполнуваат, што може да помогне во спречување на зголемување на телесната тежина.
Храна што треба да се избегнува
Храната што содржи гуцирогени треба да се јаде во умерени количини и да биде добро зготвена.
Вооедно треба да избегнувате и процесирана храна, бидејќи содржи многу калории и додатоци и ова е дополнителен проблем бидејќи доколку имате хипотироидизам, бидејќи лесно може да ја накачите телесната тежина.
Доколку се соочувате со хипотироидизам ви препорачуваме да го редуцирате внесот на:
- Просо: сите сорти
- Процесирана храна: виршли, торти, колачиња
- Додатоци: Адекватното внесување на селен и јод е од суштинско значење за здравјето на тироидната жлезда, но ако се добие премногу од било кој од нив може да предизвика штета.
Внесувајте јод и селен , само ако вашиот лекар ви дал препорака за тоа !
Во прилог листа на храна која може да ја конзумирате ограничено. Оваа храна содржи гуцитрогени или познати како надразнувачи доколку се консумира во големи количини.
- Храна базирана на соја: тофу, темпе, зрна грав, млеко од соја,
- Лисест зеленчук: брокула, кељ, спанаќ, зелка
- Одредени овошки: праски, круши и јагоди
- Пијалоци: кафе, зелен чај и алкохол – овие пијалоци можат да ја иритираат тироидната жлезда