Рецепти

Сладолед со авокадо и босилек за љубители на здрава храна

Израдувајте го вашиот организам и уживајте во вкусот на овој инзвонреден и пред сѐ здрав сладолед.

Состојки:

  • 2 авокада
  • една шолја ситно сецкан босилек
  • 150 г. шеќер
  • една лажичка сок од лимон
  • 100 мл слатка павлака
  • босилек за декорација

Подготовка:

  1. Измешајте го шеќерот во половина dl вода. Загрејте до зовривање, а потоа додадете го босилекот.
  2. По 10 секунди отстранете ја смесата од шпоретот и оставете ја да се излади 10 минути.
  3. Излупете го авокадото, отстранете ги семките, исецкајте го на парчиња и изблендирајте го.
  4. Додадете го сокот од лимон и процедениот сируп во кој се варел босилекот.
  5. Добро измиксирајте ја смесата со миксер додека не добиете хомогена смеса.
  6. Слатката павлака помешајте ја со авокадото.
  7. Истурете ја смесата во пластична кутија и оставете да се лади минимум 4 часа.
  8. Потоа имате одлично, здраво освежување во топлите денови.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button