Здравје од А до ШИсхранаКожаНега на лице и телоРецептиХрана и живот

Придобивки од семките од авокадо кои можат да го подобрат вашето здравје

Има толку многу производи кои имаат корисни својства за кои не знаеме. На пример, семка од авокадо. Колку пати сме ја фрлиле без да знаеме дека има повеќе начини на кои можеме да ја искористиме?

Корисни својства

Семките од авокадо имаат бактерицидни и фунгицидни својства. Тоа значи дека тие се способни да неутрализираат различни штетни микроорганизми. Дополнително, семките содржат сапонини кои го поттикнуваат нашиот метаболизам и му помагаат на нашето тело да се ослободи од „лошиот“ холестерол. Покрај тоа, овие производи содржат калциум, магнезиум и витамин Ц.

Се препорачува да се користат семки од авокадо како козметички производ или како додаток на храна.

Како да ја подготвите семката од авокадо?

Пред да користите семка од авокадо, треба да ја олупите кафената кора и да ја оставите семката да се исуши. Со ренде изрендајте ја кората, па ставете ја во рерна и печете ја околу еден час на ниска температура.

Никако не се препорачува да се јаде свежа семка од авокадо!

Реклама biskviti za deca

Семка од авокадо како козметички производ

Благодарение на нивното антибактериско дејство, семките од авокадо одлично се справуваат со акните, мрсната коса и првутот. Тие исто така имаат добро влијание врз бојата на кожата и здравјето на косата.

Рецепти

Пилинг: Измешајте рендана семка од авокадо со мелено кафе, додадете морска сол и нанесете ја на кожата со нежни движења.

Маска за лице: Измешајте рендана семка од авокадо со глина во прав, додадете малку вода и нанесете ја на лицето избегнувајќи го пределот околу очите. По 15 минути измијте го лицето и нанесете хидратантна крема.

Плакнење на коса: Во 30мл зовриена вода доададете рендана семка од авокадо и оставете да врие 30 минути. Исцедете ја водата и со неа исплакнете ја косата по вашето редовно миење.

Семка од авокадо како додаток во исхраната

Се препорачува да се консумираат семки од авокадо ако страдате одвишок килограми, атеросклероза или имате проблеми со крвниот притисок. Може да ги јадете и ако имате воспаление или дигестивни нарушувања. Ренданите семики обично се додаваат во салати, смути и други јадења.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button