Рецепти

Предлог на денот: леб од банана со суво грозје

Ништо генијално, но сепак практично и одлично за појадок или вечера и за мали и за големи.

Секако е убаво, вкусно и меко!

Потребни состојки

  • 1 чаша интегрално пченично брашно
  • 1 чаша мелени овесни снегулки
  • една лажичка прашок за пециво
  • 50 g суво грозје
  • 50 g сува брусница
  • 2 јајца
  • 1 поголема банана или 2 помали
  • 10-тина урми
  • 3 лажици маслиново масло

Начин на подготовка

  • Во блендер ставете ги јајцата, бананите, урмите и маслиновото масло. Убаво соединете ја смесата.
  • Потоа во друг сад измешајте ги пченичното брашно, мелените овесни снегулки, прашокот за пециво и сувото овошје.
  • На крај соединете ги двете смеси.
  • Ставете го лепчето да се пече во правоаголно долгнавесто плехче на хартија за печење.
  • Се пече околу 30-тина минути на 180˚С. Потоа можете да го оставите во топла рерна за да се подисуши малку.
  • За време на печењето можете да му ставите фолија одозгора зошто првите 10-тина минути знае зарумени скроз одозгора и до крај на печењето личи како да е прегорено.

Наш предлог е да го комбинирате со намаз од црна рибизла.

Без сувото овошје, без урмите и само со жолчки можете слободно да им давате и на бебиња кои се 8+ месеци, бананата секако ќе си ја даде потребната слаткост. 

Реклама biskviti za deca
Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button