Лекови и суплементиСтручна Помош

м-р фарм. Стефанија Илиева: аптека за патување, што да понесете со себе?

Со топлото време доаѓаат и се почестите патувања, исполнети викенди на планини и одмори. Затоа мораме претходно добро да се подготвиме.

Аптеката за патување е од големо значање за добар одмор. Ни овозможува добро да се опремиме и да избегнеме било какви непријатности.

Непријатност при патување

Доколку патите од ,,болест на патување”, за да ги спречите мачнината и повраќањето најдобро е да земете пола час пред патувањето чај од ѓумбир или за време на патувањето ставите 2-3 капки етерично масло од нане на шамивче.

При патувањето може да дојде до намалување на крвниот притисок, па добро е да се конзумираат и чаеви од нане, камилица или жалфија. Доколку овие лекови од народната медицина не Ви помогнат, со консултација на Вашиот фармацевт може да земете таблети од групата dymenhydrinate (tbl. Dramina; tbl. Traveline).

Деца и трудници

На децата и трудниците за време на патувањата им е потребна посебна грижа. Заштитата од топлински удар и сончевите зраци е на прво место. Светла облека и лосиони за заштита со UV- фактор се едни од најважните параметри.

Реклама biskviti za deca

Потребно е да обезбедите и еден вид кутија за прва помош во која би имале:

  • стерилни гази
  • завој, фластер
  • средства за дезинфекција (3% Hydrogen и јод)
  • пинцети
  • топломер
  • медицински алкохол

Еден од најнеопходниот лек за патување се аналгетиците и антипиретиците (paracetamol и ibuprofen). Нив можете да ги најдете во облик на супозитории, сируп и таблети.

Стомак

Со промена на клима и место на престојување, кај децата најчесто доаѓа до промена на редовната столица. Затоа е неопходно да имате природно овошје, сок или сируп, на база на сливи или смокви, кои помагаат во празнењето на цревата.

Редовното миење на раце и употреба на антисептични средства, заедно со лесна и непреработена храна ќе ја намали можноста од тровење на организмот.

Во летниот период и топлото време, многу чести се и летните вирози кои предизвикуваат пролив и повраќање. За да не дојде до дехидратација на организмот, неопходно е да имате орални рехидратациски соли (ORS). Тие ќе ги надоместат изгубените електролити од организмот.

Активниот црн јаглен, ги врзува отровите и го смалува нивното продирање во организмот. Секако, треба да се земе и препарат кој ги содржи добрите бактерии- пробиотик, со кој ќе се забрза обновувањето на цревната слузница. Антисептичниот спреј и пастили за грло со прополис, ќе ги намали болките во грлото кои ќе се јават како резултат на летната вироза.

Останато

Други битни препарати за време на летниот период се средствата за заштита од убоди на инсекти, кои се достапни во облик на: лосиони, спрееви, креми, стикови и фластери.

Ако сте склони кон чести воспаленија на увото, подгответе се со тампони за уши или капки со маслена основа за чистење на ушите.

Како последица на инфекции или алергии, може да дојде до затнатост на носот, отекување на носната слузница и прекумерен секрет. Затоа се важни хипертонични или изотоничните капки за нос.

Чувството на печење, сувост или солзење на очите може да се спречи со капки за очи кои содржат средства за навлажнување.

Со овие неколку корисни совети, направете го Вашиот одмор полесен, побезбеден и поудобен.

м-р. фарм. Стефанија Илиева

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button