Мултипла склероза е воспалително, демиелинизирачко заболување на ЦНС (централен нервен систем). Се карактеризира со плаки на демиелинизација кои се мултипни и дисеминирани насекаде во различни делови на ЦНС и со различна старост и различна големина.
Мултипла склероза е болест на млади луѓе најчесто околу 30 години при што првиот напад поминува спонтано. Додека пак следните се со различна зачестеност и постепено остануваат трајни невролошки знаци.
Клинички форми на болеста
- Ремитентна форма – е најчеста форма која се јавува со акутни напади по кои за неколку недели настапува речиси целосно заздравување.
- Напад-атака-егзацербација е појава на нов симптом, појава на стар симптом или влошување на постојаниот симптом во било кое време по првиот, а трае 24-48часа.
- Примарно-прогресивна форма – болеста станува се потешка односно инвалидноста се акумулира.
- Секундарно-прогресивна форма – по неколку години ремитентната форма преминува во секундарно-прогресивна кога веќе нема ремисии меѓу нападите, а инвалидираноста постепено се зголемува.
- Прогресивно-ремитентна форма – болеста има прогресивен тек, а повремено се јавуваат егзацербации.
- Бенигна форма – болеста напредува бавно, со ретки егзацербации и бавно развивачка инвалидност.
Дијагнозата се поставува со : клиничко испитување, лабараториски, електо-физиолошки и неврорадиолошки методи.
Терапија
- акутните егзацербации – се лекуваат со кортикостероиди кои имаат антиинфламаторно, антиедематозно, имуномодулирачко и стабилизирачко дејство врз хематоенцефална бариера.
- период меѓу егзацербации – се лекува со интерферони, кополимер, цитостатици, имуноглобулини.
- хронично-прогресивна форма – се лекува со цитостатици и интерферон бета 1.
- симптоматска терапија – лекување насочено кон спазми, интенционален тремор, болки, замор, пароксизмални симптоми, психички проблеми.
Напомена: Ниту една содржина на оваа страница, не треба да се користи како замена за директен медицински совет од вашиот лекар или друг квалификуван лекар.