Здравје од А до Ш

Моринга: здравствени придобивки од „дрвото што никогаш не умира“

Moringa Oleifera е листопадно дрво кое потекнува од хималајските планини во северна Индија, а денес се одгледува и во Индонезија, Шри Ланка, Карибите, Африка, Централна и Јужна Америка.
Моринга се споменува како чудесно лековито дрво уште во 2000 година п.н.е. во традиционалната Ајурведа медицина и оттогаш се користи во исхраната и лекувањето на бројни здравствени проблеми.

Ова е неверојатно отпорно растение кое непречено расте и на целосно суви почви дури и по пожар. Наречено и Вечно (бесмртно) дрво или дрво што никогаш не умира.

Хранливи состојки

Дрвото моринга се смета за едно од растенијата со најхранливи состојки. Повеќето хранливи материи се наоѓаат во малите лисја на ова дрво. Лисјата се обработуваат и се добива свежата пудра е во темно зелена боја и мирис кој потсетува на ореви. Прашокот се подготвува со сушење на листовите на ниски температури така што растителното станува лесно за мелење. Бидејќи е целосно органски, овој прав нема несакани ефекти и лесно се складира. Лесно се раствора во вода, па често се користи како состојка во јадењата.

Придобивките од моринга

Во морингата наоѓаме есенцијални амино киселини: изолеуцин, леуцин, лизин, метионин, фенилаланин, треонин, триптофан, валин. Како и амино киселини аланин, аргинин, аспарагинска киселина, глутаминска киселина киселина, глицин, хистидин, пролин, серин, тирозин и цистеин.

Богата со железо

Морингата е исто така богат извор на хлорофил и други растителни пигменти со силна антиоксидантна активност како што се каротеноидите (лутеин, алфа-каротен, бета-каротен), ксантин и други. Морингата е одличен извор на сите есенцијални и несуштински аминокиселини и се препорачува во исхрана на спортисти, луѓе кои се занимаваат со ментална и креативна работа, луѓе кои се оптоварени со стрес и вегетаријанци.

Реклама biskviti za deca

Моринга е исклучително богата со протеини кои можат да ги заменат месните протеини во човечката исхрана. Ова до откривањето на моринга беше најчесто или само случај со сојата.

Зеатинот е уште една состојка на овој прав, тој е одличен антиоксиданс со моќни својства и силен
детоксификатор на организмот кој влијае на обновувањето на клетките. Морингата игра важна улога кога станува збор за здравјето на кожата. Широкот спектар на хранливи материи ја прави одлична за кожата, пред се зеатин, кој влијае на обновувањето на клетките и го забавува стареењето на истите.

Морингата е одличен извор на антиоксиданси и содржи многу витамини А, Ц и Е и биофлавоноиди. Исушениот и мелен прав од лист Моринга содржи околу 20 видови на амино киселини, 46 антиоксиданси, 36 антиинфламаторни компоненти и повеќе од 90 хранливи материи, што го прави еден од најдобрите природни суплементи. Моринга во прав е одличен извор на минерали како што се железо, калциум и витамини А, Б, Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, Е, како и макроелементи и фитонутриенти.

Придобивки

  • Го подобрува имунитетот
  • Ги чисти крвните садови и го намалува нивото на триглицериди и холестерол
  • Влијае на намалување на болките во грбот и коските
  • Ги обновува клетките
  • Ја регенерира кожата
  • Помага при дијабетес
  • Го чисти телото
Во Маркетите ДМ може да најдете:
Мoringa oleifera 90 капсули со нето тежина 45 гр или Мoringa oleifera 30 капсули со нето тежина 15 гр.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button