Исхрана

Глутенска интолеранција и целијакија: како да се справите со рестрикциите

Нетолеранцијата на глутен, позната и како чувствителност на глутен глутен без целијакија,
е распространета состојба која влијае на значителен број на лица ширум светот. Иако има
сличности со целијакија, глутенската интолеранција не вклучува имунолошки одговор или
оштетување на тенкото црево.

Што е целијакија?

Целијакијата е автоимуна состојба која резултира со имунолошки одговор при консумација на глутен и може да доведе до намалена апсорбција на микро и макро нутриенти во тенкото црево како резултат на оштетување.

Кај двете состојби треба да се внимава на исхраната, односно глутенот целосно да се елиминира за да се дојде до подобрување на симптомите и целокупното здравје.

Треба да се избегнуваат пченица, јачмен и ‘рж, како и продукти кои може да ги содржат овие житни култури, како на пример: јачменов слад, пиво, сејтан, тестенини и печива, слатки, бисквити, крекери, презла итн.

Се препорачува консумација на строго декларирани безглутенски продукти, затоа што и продуктите кои што природно не содржат глутен, може да се контаминираат во самите фабрички процеси.

Реклама biskviti za deca

Иако точната причина за глутенска интолеранција не е позната, се верува дека има повеќе фактори кои влијаат на активирање на симптомите, како генетската предиспозиција и дизбаланс на микробиотата на цревата.

Симптоми

Лицата со интолеранција на глутен може да доживеат широк спектар на симптоми кои можат да имаат различен интензитет. Овие симптоми обично се манифестираат веднаш по консумацијата на храна што содржи глутен и може да бидат:

  • Дигестивни проблеми како абдоминална болка, надуеност, дијареја, запек и
    гадење се најчести гастроинтестинални симптоми поврзани со нетолеранција на
    глутен.
  • Замори проблеми со концентрацијата, како и„мозочна магла“.”
  • Болка: Нетолеранцијата на глутен кај одредени поединци исто така може да
    предизвика болка во зглобовите, болки во мускулите и воспаление, да влијае на
    подвижноста и целокупниот квалитет на животот.
  • Дерматолошки проблеми кај одредени поединци, како: егзема, осип и дерматитис
    херпетиформис ( хроничен осип на кожата )
  • Чести главоболки

Ако се сомневате во нетолеранција на глутен, неопходно е да се консултирате со здравствен професионалец за точна дијагноза. Дијагнозата на нетолеранција на глутен вклучува темелна проценка на симптомите, исклучување на други потенцијални причини и следење на одговорот на диета без глутен.

Справувањето со нетолеранција на глутен зависи само од усвојувањето на строга диета без глутен.

Ова подразбира елиминирање на сите извори на глутен од исхраната, вклучувајќи пченица, јачмен, ‘рж и производи со вкрстена контаминација. Читањето на декларации на храна треба да биде внимателно и да се биде свесен за скриените извори на глутен.

Доколку сте чувствителни на глутен, но уживате во благи задоволства, наш предлог е да ги пробате Molendini бисквитите. Може да ги најдете онлајн тука, или во сите ДМ маркети, La Noi, СТЕП маркетите, тобако TITI, Агровита, Моринга здрава храна, Тобако Срна и Мар-вик.

Одберете го омилениот вкус.

Симона Коруновска

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button