Израдувајте го вашиот организам и уживајте во вкусот на овој инзвонреден и пред сѐ здрав сладолед.
Состојки:
- 2 авокада
- една шолја ситно сецкан босилек
- 150 г. шеќер
- една лажичка сок од лимон
- 100 мл слатка павлака
- босилек за декорација
Подготовка:
- Измешајте го шеќерот во половина dl вода. Загрејте до зовривање, а потоа додадете го босилекот.
- По 10 секунди отстранете ја смесата од шпоретот и оставете ја да се излади 10 минути.
- Излупете го авокадото, отстранете ги семките, исецкајте го на парчиња и изблендирајте го.
- Додадете го сокот од лимон и процедениот сируп во кој се варел босилекот.
- Добро измиксирајте ја смесата со миксер додека не добиете хомогена смеса.
- Слатката павлака помешајте ја со авокадото.
- Истурете ја смесата во пластична кутија и оставете да се лади минимум 4 часа.
- Потоа имате одлично, здраво освежување во топлите денови.