Малигни болести
Како да ги препознаете првите знаци на леукемија?
Леукемијата е карцином, кој започнува во органите кои ја создаваат крвта, главно коскената срцевина и лимфниот систем.
Во зависност од специфичните карактеристики, леукемијата може да се подели на два големи типови: акутна и хронична.
Акутните леукемии се брзонапредувачки леукемии, додека хроничните леукемии напредуваат бавно. Поголемиот дел од детските леукемии се од акутна форма.
Како да ги препознаете првите знаци на леукемија?
Точкести крвавења и поголеми крвни подливи на кожата и видливите слузници
- најчесто се јавуваат на градите, грбот, лицето и рацете,
- последица се на намалениот број на тромбоцитите (тромбоцитопенија),
- честа е појавата на крвавење од носот или епитакса.
Болка во коските и зглобовите
- се јавуваат како остри или поблаги болки во зависност од локализацијата,
- најчесто се јавуваат на долгите коски на нозете и рацете.
Зголемени лимфни јазли или лимфаденопатија
- честа, но не е секогаш присутна појава,
- најчесто се јавуваат на вратот, во пазувите и препоните.
Појава на чести температури и инфекции
- често се резултат на намален број бели крвни клетки кои го штитат организмот од инфекции.
Необјаснето губење на тежина
- намален или изгубен апетит е честа појава,
- може да биде придружено со голем замор и слабост.
Болки и надуеност во стомакот
- хепатоспленомегалија, што често се манифестира со тежина, болка и чувство на исполнетост под ребрата,
- кај некои луѓе се манифестира како болка во долниот дел од грбот,
- гадење, повраќање и губење на апетитот.
Слабост и изнемоштеност
- анемијата придружена со слабост, изнемоштеност, замор, поспаност, срцебиење,
- симптоми како глад за воздух, страв и немир сигнализираат акутно крвавење.