Здравје од А до Ш

Секојдневни совети за здравје и исхрана кои се заосноваат на научни докази

Лесно е да се збуните кога станува збор за здравјето и исхраната. Дури и квалификуваните експерти често имаат спротивставени мислења, што може да ви ја отежни работата кога се обидувате откриете што всушност треба да правите за да го оптимизирате вашето здравје.

Сепак, и покрај сите несогласувања, голем број велнес совети се добро поддржани од истражувањата.

Еве 5 совети за здравје и исхрана кои се засноваат на научни докази, иако ги слушаме секојдневно.

1.Ограничете ги засладените пијалоци

Засладените пијалоци како газирани сокови, овошни сокови и засладени чаеви се примарен извор на додаден шеќер во исхраната.

За жал, наодите од неколку студии укажуваат дека пијалоците со додаден шеќер го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2, дури и кај луѓе без вишок килограми.

Реклама biskviti za deca

Пијалоците со додаден шеќер се исто така штетни и за децата. Тие можат да предизвикаат, не само зголемена тежина, туку и состојби кои обично не се развиваат пред зрелоста, како што се дијабетес тип 2, висок крвен притисок и заболувања на црниот дроб

Поздравите алтернативи се:

  • вода
  • незасладени чаеви
  • газирана вода
  • кафе

2. Спијте доволно

Важноста да се има доволно квалитетен сон не може да се прецени.

Лошиот сон може да предизвика отпорност на инсулин, може да ги наруши хормоните и да ги намали вашите физички и ментални перформанси.

Уште повеќе, лошиот сон е еден од најсилните индивидуални фактори за ризик од зголемување на телесната тежина. Луѓето кои не спијат доволно имаат тенденција да посегат по храна што додржи повеќе масти, шеќери и калории, што потенцијално води до несакано зголемување на телесната тежина.

3. Користете ладно цедено маслиново масло

Ладно цедено маслиново масло е едно од најздравите растителни масла што можете да ги користите. Содржи мононезаситени масти здрави за срцето и моќни антиоксиданси кои имаат антиинфламаторни својства.

Ладно цеденото маслиново масло придонесува за здравјето на срцето. Според неколку истражувања луѓето кои го консумираат имаат помал ризик од срцев и мозочен удар.

4. Вежбајте со големи тежини

Тренинзите за сила и отпор се едни од најдобрите облици на вежби што можете да ги правите за да ги зајакнете мускулите и да го подобрите држењето на телото.

Исто така, може да придонесат кон подобрувања на метаболичкото здравје, вклучително и подобрена чувствителност на инсулин – што значи дека станува полесно да се управува со нивото на шеќер во крвта- и забрзување на метаболизмот т.е бројката калории која ја согорувате во мирување.

Ако немате тегови, можете да ја користите сопствена тежина или ластици за вежбање за да создадете отпор и да имате навистина добар и корисен тренинг.

Наодите од истражувањата препорачуваат да вежбате најмалку двапати неделно.

5. Медитирајте

Стресот има негативно влијание врз вашето здравје. Тој може да влијае на нивото на шеќер во крвта, изборот на храна, подложноста на болести, тежината, дистрибуцијата на масти и многу повеќе. Поради оваа причина, важно е да најдете здрав начин за управување со вашиот стрес.

Медитацијата е еден таков начин. Во една студија во која учествуваа 48 луѓе со висок крвен притисок, дијабетес тип 2 или и двете, истражувачите открија дека медитацијата помага да се намали лошиот холестерол и воспалението кај луѓето што медитираат во споредба со контролната група која не медитирала. Дополнително, учесниците во групата која практикувала медитација пријавија подобрена ментална и физичка благосостојба.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button