За да ги искористите здравствените придобивки од водата со лимон, треба постојано да ја пиете и потребена ви е само една кришка лимон во вашата чаша. Кога правите вода со лимон, секогаш користете свежи лимони, а не концентриран сок од лимон. За да направите вода со лимон, исцедете половина лимон во 250мл топла или ладна вода. За да го направите пијалокот што е можно поздрав, користете филтрирана вода и органски лимони. Внесете повеќе вкус или додадете нешто во водата со лимон со што дополнително ќе го зајакнете вашето здравје:
- неколку ливчиња нане
- лажичка јаворов сируп или суров мед
- парче свеж ѓумбир
- лажичка цимет
- малку куркума
Можете исто така да додадете парчиња други свежи агруми, како што се зелен лимон,портокал или парчиња краставица.
Секогаш измијте го производот добро пред да го исечете и употребите. Коцки мраз од лимон е одличен начин брзо да додадете лимон во вашата вода. Едноставно исцедете свеж сок од лимон во сад за коцки мраз и замрзнете го. Ставете неколку коцки во чаша ладна или топла вода по потреба.Утрото можете да го започнете со чаша топла вода со лимон или пак да чувате стаклено шише вода внесена со неколку парчиња лимони во вашиот фрижидер за да ја пиете во текот на целиот ден.
М.Д